ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Русија повторно ја нападна енергетската инфраструктура во Украина, уништени сите дронови од нападот на Кијив

January 2, 2023 11:15
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Фото: Укринформ

Фото: Укринформ

Share on FacebookShare on Twitter

Властите на Кијив ги повикаа жителите да ја намалат потрошувачката на електрична енергија откако руските напади ја оштетија енергетската инфраструктура.

Енергетската компанија ДТЕК утрово соопшти дека била принудена да изврши итни прекини на струјата.

Гувернерот на регионот Кијив, Олексиј Кулеба, ги повика жителите на главниот град да внимаваат на потрошувачката на енергија.

– Во моментов регистрираме зголемување на потрошувачката на електрична енергија и прекумерно оптоварување на мрежата, напиша Кулеба на Телеграм.

Кулеба им нагласи на граѓаните дека е важно да не се заборава на разумната потрошувачка на струја, наизменично да се користат енергетски интензивни уреди и струјата да се користи умерено.

Украинската војска тврди дека во текот на ноќта соборила 39 ирански дронови Шахед, но наведува дека остатоците сепак ја оштетиле инфраструктурата.

Од остатоци исто така се оштетени 11 приватни куќи, соопшти рече Кулеба.

Канцеларијата на главниот обвинител на Украина смета дека нема жртви во ноќните напади.

– Обвинителите и истражителите работат на лице место за да ги документираат прекршувањата на меѓународното хуманитарно право од страна на земјата агресор, се вели во соопштението на канцеларијата.

Градоначалникот на Кијив Виталиј Кличко претходно информира дека Русија во текот на ноќта испратила 40 дронови во главниот град на Украина. Тој го цитираше извештајот на украинската армија според кој 15 беспилотни летала се уништени над соседните региони, три во регионот на Кијив, додека останатите 22 беспилотни летала се уништени над самиот Кијив.

Tags: дронинфраструктураКијивруски напади
Next Post
Фото: Фејсбук група, Македонски јазик

Ракописи стари по 500 години од Институтот за македонски јазик со дигитализација се спасени од пожар и вода

Shortcut

Најново

ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

October 25, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk