ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Анкета: Околу 80 отсто од Американците очекуваат економски проблеми во 2023 година

January 3, 2023 18:14
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Голем дел од Американците очекуваат економски проблеми и во новата година, откако високите трошоци за живот и инфлацијата ја влошија 2022 година, покажуваат денеска објавените резултати од најновата анкетата на Галуп.

Речиси 80 отсто од испитаниците очекуваат дека новата година ќе донесе поголеми економски тешкотии од 2022 година, а две третини од нив предвидуваат голем пораст на цените, покажува истражувањето на Галуп спроведено од 5 до 19 декември.

Нешто повеќе од половина од испитаниците очекуваат поголема невработеност, проблем од кој САД беа поштедени во 2022 година, наведува американската консултантска компанија.

Дури 80 отсто испитаници очекуваат повисоки даноци во 2023 година, а речиси ист процент од нив предвидуваат уште поголем буџетски дефицит отколку минатата година.

Песимизам преовладува и во прогнозите за берзите, 63 отсто од испитаниците очекуваат пад на берзите.

Американците веќе беа попесимисти во нивните очекувања за економијата кон крајот на минатата година отколку на нејзиниот почеток и во 2021 година, што се совпадна со високите цени на горивата, забележува Галуп.

Кон крајот на годината цените на горивата се намалија од високите нивоа што ги достигнаа во јуни, па нивните очекувања благо се подобрија, но останаа на негативна територија поради упорно високата инфлација, падот на берзите, високите каматни стапки и стравот од рецесија.

На второ место на листата на главни проблеми во САД во 2022 година, односно 16 проценти од испитаниците, ги посочиле инфлацијата и високите трошоци за живот, а на трето место е економијата за што се изјасниле 12 отсто од анкетираните.

На прво место е владата, која според анкетата на Галуп, речиси една петтина од испитаниците ја оцениле за најголем проблем во 2022 година.

Tags: 2023 годинаанкетаГалупекономијапроблемиСАД
Next Post

Политико: Ердоган може да започне војна за да ја „спаси сопствената кожа“

Shortcut

Најново

Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk