ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Груевски со скандалозно омаловажување за Центарот за македонски јазик во Грција, имале за нас звучно име, но никој не ги знаел; ЕУ, НАТО и соживотот за него се „ова-она“

Најновата објава на Груевски слободно може да се смести во рубриката СКАНДАЛИ!

January 4, 2023 21:45
in ZOOM IN, ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ

Точно три часа по Фејсбук објавата на Зоран Заев во која тој ги демантира шпекулациите дека сака да се врати во политиката, се јави Груевски, објави ЦивилМедиа.

Груевски се нафрли со навредливи изрази и со безброј, веќе познати, обвинувања на сметка на својот лут политички опонент, човекот кој со ненасилни методи, го сруши од тронот на власта.

На Груевски му успеа да го потцени македонскиот јазик и ЕУ и НАТО во само неколку редови.

„… име на држава и на јазикот за кој Заев е среќен што се регистрирала некоја НВО во Грција со за нас звучно име, за која таму никој не знае, ниту пак има било какво најмало влијание во тоа општество, во Европа или во светот.“

Во овој дел, Груевски зборува, ни помалку ни повеќе, туку за Центарот за македонски јазик во Грција! Не го ни спомна македонскиот јазик, туку го нарече „јазикот за кој Заев е среќен што се регистрирала некоја НВО во Грција“.

Толку од патриотизмот.

Подолу во објавата, Груевски пишува:

„… цело време акцентот му е на тоа дека обезбедил ова или она околу НАТО, ЕУ, соживотот и сл.“

Без ни малку такт, Груевски и во овој дел од својата објава, покажува колку ги потценува и процесите кои се водат во земјата и самите НАТО, ЕУ и соживотот во земјата. Притоа, мора да се забележи, оваа објава на Груевски е преполна со правописни грешки. Долгиот текст на објавата содржи и други делови од кои може да се заклучи дека Груевски е многу нервозен и се служи со навредлив и клеветнички вокабулар.

Оваа објава од бегалецот од правдата дефинитивно може да се означи и како говор на омразата, оценуваат во Цивил.

Ние можеме да додадеме само дека оваа објава на Груевски слободно може да се смести во рубриката СКАНДАЛИ.

Next Post
Скопје. Фото: Ангел Ангеловски

Бадник неработен за граѓаните од православна вероисповед

НАЈНОВО

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk