Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, вели дека не треба да се сфати сериозно предлогот за прекин на огнот објавен денеска од рускиот претседател Владимир Путин.
„Претседателот Володимир Зеленски предложи јасна формула за мир од десет чекори. Русија го игнорираше и наместо тоа го гранатираше Херсон на Божиќ, лансирајќи масовни ракетни и беспилотни напади за Нова година. Нивниот сегашен „едностран прекин на огнот“ не може и не треба да се сфати сериозно“, пишува Кулеба.
President @ZelenskyyUa has proposed a clear Peace Formula of ten steps. Russia has been ignoring it and instead shelling Kherson on Christmas Eve, launching mass missile and drone strikes on New Year. Their current “unilateral ceasefire” can not and should not be taken seriously.
— Dmytro Kuleba (@DmytroKuleba) January 5, 2023
Објавата на Кулеба следи откако рускиот претседател Владимир Путин денеска му нареди на министерот за одбрана Сергеј Шојгу да воведе 36-часовен прекин на огнот на целиот фронт почнувајќи од утре (6 јануари) на пладне.
Русија се плаши од вистински преговори со Украина и не сака да исполнува никакви меѓународни обврски, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во својот говор на Генералното собрание на ОН, каде ја објави и формулата за мир.
„Ќе ја презентирам формула која може да работи не само за нас, туку и за секој кој може да се најде во слични околности како нас. Тоа е формула која го казнува криминалот, го штити животот, ја обновува безбедноста и територијалниот интегритет, ја обезбедува безбедноста и гарантира решителност.
Постојат пет предуслови за мир.
1. казна за агресија
2. животна заштита
3. враќање на безбедноста и територијалниот интегритет
4. гаранции за безбедност
5. одлучност да се браните
Ова е формулата на криминал и казнување што и е веќе добро позната на Русија. И ова е формулата на правдата и правото што Русија допрва треба да ја учи. Како и сите други потенцијални агресори“, истакна тогаш Зеленски.
Подготви: Ј. Ѓ.