Актерката Весна Бејби Петрушевска повторно е актуелна на социјаните мрежи со критики на актуелната власт. Последните објави од Петрушевска се за заканите со бомби во училиштата и други институции, каде таа бара оставки и ги обвинува властите нарекувајќи ги неодговорни, неписемни и недоветни.
За тоа како актерката го менува сопственото мислење, според потребите, што зборува Петрушевска на партиски собир, и како потоа сама си го побива она што го кажала во емисија на Телевизија, погледнете го следното видео:
Весна Бејби, во периодот на режимот на Груевски ја водеше емисијата „Не ми е јасно“, што одеше на ТВ Сител, која се занимаваше со исмејување и понижување на тогашната опозицијата, а содржината, како што потоа признава самата Петрушевска во емисијата Отворено, била платена и по порачка.
После сите овие трансформации на актерката, се поставува прашањето – Колкупати Бејби ќе се покае?
Видеото е монтирана во јануари 2016 година.
Ј. Ѓорѓиоски