ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Јанчева: Загаден воздух во Скопје, а локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ ги намали парите за 44%

January 6, 2023 10:37
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Загадувањето на воздухот во Скопје останува горчлива и алармантна тема, која директно го засега најскапото нешто – здравјето на скопјани. Додека скопјани дишат енормно загаден воздух, локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ ги намали средствата за заштита на животната средина за дури 44 %, на прес-конференција истакна Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје.

Таа нагласува дека во 2022 година во буџетот беа предвидени 88 милиони денари, а за оваа година сумата е речиси преполовена, на само 49 милиони денари.

Таков е буџетот на Град Скопје, вели Јанчева, којшто со аплауз го изгласаа советниците на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, и во кој парите за заштита на животната средина се намалени за 44 %.

Таа истакна дека ваквото намалување на средствата е сериозен удар врз капацитетите коишто се борат против загрозувањето на животната средина, а со ваковиот пристап на ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска, Скопје уште долго време ќе биде на врвот на најзагадени градови во светот.

„Измина цела година откако локалната власт е во рацете на ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција, заедно со Левица и нивната градоначалничка Арсовска. Буквално една година е потрошена на кавги за тендери и провизии, а за загадениот воздух локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не направи ништо. За жал, сите ние скапо ја плаќаме цената за тоа неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ. За време на изборите ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска ветуваа низа мерки, Мицкоски ветуваше 100 електрични автобуси, и од тоа не само што нема ништо туку состојбата е драматично влошена. Проблемот, односно хаосот со јавниот превоз создаде дополнителен притисок кој директно влијае врз зголемувањето на загадувањето во градот. ЈСП е нефункционално, приватните превозници не возат, нема инвестиција во еколошки мерки за транспортот, дури нема ниту времени мерки за бесплатен јавен превоз. Сето тоа предизвика да се зголеми користењето на возилата во Скопје, а со тоа да порасне и загаденоста на воздухот. Нема ништо од најавуваните 100 електрични автобуси, лично од страна на Христијан Мицкоски“ вели Јанчева.

Јанчева потенцира дека блокирањето на проектот за современ еколошки јавен транспорт во Скопје, познат како БРТ, се покажува како исклучително штетна одлука на ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска.

„ВМРО-ДПМНЕ за трипати ги намали средствата за заштита на животната средина во буџетот на Град Скопје, а реализацијата на програмата за животна средина беше едвај 4 % до третиот квартал на 2022 година. Значи едно големо ништо! Сериозно беа намалени и парите за субвенционирање на набавката на еколошко греење. Нема ниту еден од петте најавувани мега паркови. Хигиената во градот е на најлошо ниво, дивите депонии не само што не се чистат туку постојано никнуваат и нови. За жал, скопјани и оваа година може да очекуваат од лошо полошо со ваква неодговорна локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Левица“, подвлекува советничката Јанчева.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВМРО-ДПМНЕзагаден воздухлокална властСкопје

НАЈНОВО

Талески: Бараме транспарентност и одговори за заемот од 6 милијарди евра

May 20, 2025

Дуња Иванова меѓу најдобрите 60 на светот во МТБ маратон – избори норма за Светското првенство во Швајцарија

May 20, 2025

Клоп би можел да ја преземе Рома

May 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Матурант пронајден починат кај Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Веќе видено: Македонија повторно велика, ко Александар!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk