Кијив е почесно најдобриот град во светот! Главниот град на Украина беше почесно признат во рангирањето на најдобрите градови во светот за 2023 година од страна на Resonance Consultancy, специјалист во индустријата за брендирање на дестинации.
Resonance Consultancy го опишува Кијив како град на многу лица. Днипро, една од најголемите реки во Европа, го дели главниот град на Украина на два различни света: десниот брег – со својот историски центар, административни згради, кафулиња и ресторани – и станбениот лев брег.
Во срдечната илустрација на карактерот на градот, Кијив е претставен како урбан светилник на храброста и издржливоста што ја води пркосната нација против убиствениот агресор. Описот на Кијив во основа ве води на имагинарно патување низ иконските локации и симболи на Кијив – што не тера да пуштиме солза или две, ја пренесува објавата на својот инстаграм профил Украине.уа.
View this post on Instagram
Ниту еден збор не може да опише колку сме благодарни за овие гестови на поддршка и грижа. Едвај чекаме да им посакаме добредојде на луѓето од целиот свет во нашиот автентичен, храбар и нескршлив главен град – по победата на Украина, пишува Украине.уа на Инстаграм.
Подготви: Д. Мишев / Цивил Медиа