ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Иран егзекутира уште двајца демонстранти

January 7, 2023 14:09
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Двајца мажи се обесени денеска во Иран поради наводно убиство на припадник на армијата за време на протестите ширум земјата. Мохамед Махди Карами и Сејед Мохамад Хосеини беа прогласени за виновни за „корупција во земјата“ поради нивна наводна вмешаност во смртта на паравоен офицер.

Организациите за човекови права тврдат дека тие се осудени во „лажен процес“. Семејството на 22-годишниот Карами вели дека не смееле да го видат пред да биде егзекутиран. Обвинителите тврдат дека паравоениот офицер Рухола Аџамијан бил соблечен гол и убиен од неколку луѓе кои оддавале почит на една од жртвите на протестот, јави Би-Би-Си.

Протестите против иранскиот режим избувнаа во септември минатата година по смртта во притвор на младата девојка Махса Амини приведена од полицијата за морал поради наводно „непрописно“ носење хиџаб. Според организациите за заштита на човекови права, досега се убиени најмалку 516 демонстранти, меѓу кои 70 деца, а 19.262 се уапсени. Тие пријавија и убиство на 68 припадници на обезбедувањето.

Многумина од приведените по протестите наводно исчезнале, биле приведени без обвинение, мачени или малтретирани на други начини.

Двајцата мажи првпат беа осудени на смрт во декември 2022 година, но поднесоа жалба на нивните казни и тврдеа дека биле мачени за да дадат лажни признанија. Адвокатите кои го застапуваат Хосеини рекоа дека тој бил претепан и му биле врзани очите додека бил в затвор.

Пред егзекуциите, Карами штрајкувал со глад бидејќи му било ускратено правото да избере свој адвокат за правна постапка. Амнести интернешнал го опиша судењето како „брзо и нефер групно судење“ и објави дека иранските власти бараат смртна казна за најмалку 26 други.

Во истиот случај на смрт беа осудени уште тројца мажи, а 11 добија затворски казни. Со овие бесење, бројот на убиени демонстранти по судењето се зголеми на четири.

Во декември, 23-годишниот Маџидреза Рахнавард беше јавно обесен бидејќи наводно избодел со нож двајца припадници на безбедносните сили и ранил уште четворица, а 23-годишниот Мохсен Шекари е убиен дека наводно блокирал улица и со нож ранил припадник на иранските сили Басиџ.

Tags: бесењеегзекуцијаИранмажипротести
Next Post

Во Франција најавени протести на движењето Жолти елеци

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk