Со стара фотографија од поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков се шири дезинформација дека наводно вчера бил ослободен од струшкиот затвор и бил во црква за да го одбележи Христовото раѓање (Божик).
Твитер налогот „Клаудија Шиферовска“ објави фотографија од Мијалков во црква со коментар: „Во живо од струшкиот затвор, убава божиќна атмосфера“. Оваа дезинформација се искористи за ширење партиска пропаганда.
Всушност објавената фотографија е стара, односно од 2022 кога Мијалков го одбележа христовото воскресение, Велигден во Соборниот храм во Скопје, односно во тој период се бранеше од слобода.
Партиските кујни за ширење дезинформации функционираа и за време на божиќните празници.
Извор: Цивил Медиа