ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Дерек Шоле денеска ќе престојува во Скопје

January 11, 2023 09:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Советникот на Стејт департментот Дерек Шоле утрово пристигна во Скопје, каде што беше пречекан пред платото на Владата од премиерот Димитар Ковачевски.

Шоле и Ковачевски ќе разговараат за повеќе прашања, меѓу кои енергетиката, економијата и борбата против корупцијата.

Целта на посетата на Шоле на Западен Балкан, како што претходно соопшти Стејт департментот, е да ја нагласи трајната посветеност на САД за мир, стабилност и просперитет на Западен Балкан.

Неговата посета на земјава е во рамки на балканската турнеја, за време на која ќе ги посети и Косово и Србија.

Амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер во понеделникот рече дека САД имаат план да ги реафирмираат заедничките приоритети како што е борбата против корупцијата и дека тоа ќе остане приоритет за Вашингтон и ќе покрене неколку прашања за време на посетата на советникот на Стејт департментот, Дерек Шоле.

Агелер посочи дека ова биде ќе многу интензивна година, а, како што рече, советникот Шоле со неговата посета ќе ги потврди заложбите и поддршката на САД за Северна Македонија.

Советникот на државниот секретар на САД Ентони Блинкен, од Скопје заминува за Приштина на средби со владини претставници, политички лидери и претставници на граѓанското општество. Во фокусот на разговорите ќе бидат напорите на САД да помогнат во унапредувањето на косовската и евроатлантската интеграција, вклучително и преку дијалогот олеснет од ЕУ за да се постигне сеопфатен договор за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, фокусирани на меѓусебното признавање.

На 12 јануари, Шоле ќе продолжи во Белград, каде со раководството на српската Влада ќе разговара за енергетската безбедност, регионалната економска интеграција и напредокот кон целта на Србија за пристап во ЕУ. Тој, исто така, ќе разговара за улогата на Србија во зајакнувањето на регионалниот мир и безбедност и нејзиниот континуиран ангажман во Дијалогот олеснет од ЕУ за нормализирање на односите со Косово.

Шоле требаше да допатува во Скопје минатиот месец, но неговата посета беше одложена поради позитивен ковид тест.

– Жалам што морам да го одложам моето патување на Балканот и во Брисел поради позитивен тест за Ковид. Ќе останам ангажиран по сите прашања во однос на регионот на Балканот, и со нетрпение очекувам патувањето да го направам на почетокот од наредната година, напиша тогаш високиот американски дипломат на неговиот официјален твитер-налог

Tags: Дерек ШолеСАДСкопјеСтејт департмент
Next Post

Шефицата на германската дипломатија Бербок во ненадејна посета на Харков

НАЈНОВО

Дијана Хрка објави дека го прекинува штрајкот со глад

November 17, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Орбан продолжува со цинизмот: Ја спореди итната помош за Украина со „воткa за алкохоличар“

November 17, 2025

Неизвесно снабдувањето со гориво во Србија по 1 декември

November 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Јутјуб

    (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 17 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали е штетно да се пие вода додека јадеш?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kолку е опасно ако пиете кафе на празен стомак наутро?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk