ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МОЗАИК

Јавен настан на Цивил за предизвиците и перспективите на мултикултурализмот, денеска во 12 часот

Детали за јавниот настан на Цивил што ќе биде пренесуван во живо, денеска, со почеток во 12 часот.

January 12, 2023 07:46
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МОЗАИК, ПОЛИТИКА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
(Архива) Џабир Дерала, јавен настан посветен на мултикултурализмот, декември 2021 година. Фото: Цивил

(Архива) Џабир Дерала, јавен настан посветен на мултикултурализмот, декември 2021 година. Фото: Цивил

Share on FacebookShare on Twitter

Високи претставници на Владата, граѓанското општество и експертската заедница денеска ќе говорат на Конференцијата на Цивил за предизвиците и перспективите на мултикултурното општество „Различностите, благодат или проклетство“, со почеток во 12 часот.

ШТО, КАДЕ И КОГА? Конференцијата се одвива во денови кога темата е исклучително важна и ги допира најсензитивните области од општествено политичкото живеење во земјата. Воедно, Конференцијата на Цивил се совпаѓа и со финализирањето на Стратегијата 2023-2025 за мултикултурализам и интеркултурализам според која институциите ќе добијат насоки за креирање и спроведување политики и практики по овие комплексни прашања.

ГЛАВНО ПРАШАЊЕ Главното прашање на Конференцијата е: Кои се главните предизвици и перспективи на мултикултурализмот во нашето општество?

ЦЕЛ Целта на оваа конференција е да даде придонес кон општествениот дијалог и креирањето политики и практики за поддршка и унапредување на мултикултурализмот во македонското општество.

ФОРМАТ Конференцијата ќе се одвива во формат на 10-минутни разговори на кои ќе се постави главното прашање, со опција за потпрашања од водителот. По разговорот, ќе се отвори можноста за 1-2 прашања или коментари од публиката (до 1 минута).

ПРЕНОС ВО ЖИВО И ДОСТАПНОСТ Организаторите ги информираат медиумите и јавноста дека настанот ќе биде пренесуван во живо, на онлајн каналите на Цивил, Фејсбук и Јутуб, а од неа ќе произлезат повеќе видео и текстуални прилози кои ќе бидат објавени на медиумската платформа на Цивил. Сите содржини ќе бидат достапни за преземање според лиценцата Creative Commons 4.0. Дозволено е присуство на новинарки и новинари, но без камери, бидејќи видео и фото материјалот ќе го обезбеди Редакцијата ЦивилМедиа и ќе биде целосно достапен и слободен за преземање со атрибуција (линк и извор).

ПОДДРШКА Настанот е дел од проектот „Чекор напред кон мултикултурно општество“ што го спроведува Цивил со поддршка од Министерството за надворешни и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.

КОНТАКТИ, ИНФО Цивил посочува дека е отворен за прашања и коментари на civil.macedonia@gmail.com или 075 / 389 699.

Next Post
Фото: МНР

Османи во Виена ќе ја презентира програмата на претседавањето со ОБСЕ

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk