ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски: Помина времето кога средбите во Тирана ги гледавме како закана, Албанија е наш пријател

January 12, 2023 12:57
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Помина одамна времето кога треба да гледаме на политичките процеси или настани или средби кои се случуваат во Тирана како на безбедносна закана за нас, истакна денеска претседателот Стево Пендаровски коментирајќи ја средбата на Еди Рама со лидерите на партиите на Албанците која се одржа завчера во албанскиот главен град.

– Децении наназад тогашната Социјалистичка Република Албанија безбедносна закана за нас. Значи, помина одамна времето кога треба да гледаме на политичките процеси или настани или средби кои се случуваат во Тирана како на безбедносна закана за нас. Немојте да заборавите, Република Албанија е членка на НАТО, Република Албанија заедно со нас почна преговори за ЕУ. Република Албанија е наш пријател, воопшто немам никаков сомнеж во некакви задни намери на албанскиот премиер кој го знам прилично добро, а го знаете и сите вие. Не мислам дека таму се креираат некакви антимакедонски сценарија, рече Пендаровски одговарајќи на новинарски прашања по денешната амбасадорска тркалезна маса, „Западниот Балкан помеѓу Западот и Истокот: Северна Македонија членка на ЕУ до 2030 година“ во организација на Советот на Амбасадори

Претседателот потенцира дека не гледа никаква лоша позадина на таа средба и посочи дека сите тие претставници од албанските политички партии кои беа во Тирана месеци наназад кажаа дека ќе поддржат промени на Уставот.

Пендаровски истакна дека сега сме во време во кое не се размислува за избори, посочувајќи дека врвен политички приоритет е промената на Уставот.

– Имавме режим во тоа време на заминување, имавме тукушто завршени избори и имавме една нормално политичко позиционирање на албанските политички субјекти во однос на тоа со кого да бидат во следната власт. Сега сме далеку од избори, значи не сме во предизборен период, не можам да видам дека има позиционирање и од тој аспект како што сугерираат. Значи, ние сме сега во време во кое не размислуваме за избори. Во овој момент врвен политички приоритет во оваа смисла во која прашувате е можеби промената на Уставот. Меѓутоа, од тој аспект нема потреба Еди Рама да ги вика албанските политичари во Тирана кога тие не прават проблем за промена на Уставот, овие барем што беа во Тирана, рече Пендаровски.

Завчера во Тирана на средбата свикана од албанскиот премиер Еди Рама учествуваа Али
Ахмети од ДУИ, Африм Гаши од Алтернатива, Мендух Тачи од ДПА и Арбен Таравари од Алијанса за Албанците. Поканата ја одби Билал Касами од Беса. На средбата, како што посочија присутните претседатели на политичките партии на Албанците, е разговарано за европската иднина на двете земји и за уставите измени.

Tags: Еди РамаСтево ПендаровскиТирана
Next Post

Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата донираше 12 мотоцикли на МВР

Shortcut

Најново

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 20, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Рускиот терор продолжува, Путин би преговарал со Трамп и Си – ЦИВИЛ: Ништо за Украина без Украина

October 19, 2026
Фото: Генерирано со ВИ

Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и НАИ ќе се соочат во вториот круг за градоначалник на Брвеница

October 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk