ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

(2023) Сценарио 5/8: Враќање на Груевски

Петто од осумте сценарија за Северна Македонија во 2023 година. Сите сценарија се засновани на лични перцепции и проценки, НЕ се врз основа на конкретни изјави и сознанија.

January 16, 2023 10:05
in PMD, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Линк до СЦЕНАРИО 1/8 | Линк до СЦЕНАРИО 2/8 | Линк до СЦЕНАРИО 3/8 | Линк до СЦЕНАРИО 4/8

Наесен, иако за тоа нема многу поволна клима и теренот не е сосема „чист“, во земјата се враќа Груевски по петгодишно уживање во гостопримството на унгарскиот диктатор. Пред да дојде, си нарачува елабориран план на „спонтан“ пречек на аеродромот и групи на поддржувачи на патот до Скопје. Во центарот на градот, неговиот шофер запира (со шкрипка) пред т.н. Триумфална капија низ која поминува придружен од поголема група луѓе и жива музика.

КОЈ ГО ПРЕЧЕКУВА НА ПЛОШТАДОТ? 

На плоштадот, кај споменикот Воинот на коњ, освен шефовите на ВМРО-ДПМНЕ, срдечно го пречекуваат и Димитар Апасиев, рускиот амбасадор, Бранко Героски, Владимир Милчин, Весна Бејби, Данела Арсовска и Перо Камиказа, кои потоа, заедно со уште неколку познати ликови од естрадата се качуваат на претходно подготвената сцена од фирмата на Перо и пеат песни во негова чест. Во еден момент, и тој „спонтано“ се качува на сцената, а Бени Шаќири му ја пее „Биди ми брат“ на увце. Мераци.

ЈАЈЦА И БОИ ПО ГЛАВАТА НА ГРУЕВСКИ

Но не се сите среќни со овој „спектакл“. Од околните згради летаат неколку балони со боја и расипани јајца. Најмалку едно јајце го погодува Груевски во главата. Од телефон прокриумчарен во затворската ќелија, Гордана Јанкулоска твитнува: „Побегна во гепек како кукавица, се враќа како херој. Слави заедно со сите што ја избегнаа правдата, додека јас гнијам во затвор, а моето дете расте без мајка.“

АПСЕЊЕ И ОСЛОБОДУВАЊЕ

По прославата на плоштадот, властите го апсат Груевски. На пат кон затворот „Идризово“, комбето го пресретнува полициско возило во кое е курир кој на возачот му врачува решение од Апелација дека сите пресуди за Груевски се укинати и се враќаат на повторно судење во Основен кривичен суд Скопје. За да не чека такси, полицајците му нудат превоз на Груевски до дома, ама не во гепек.

НАЈАВА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ

На 31 декември, во пресрет на Новата 2024 година, на прес конференција, Груевски најавува дека ќе се кандидира на претседателските избори напролет во 2024 година. Мицкоски е многу среќен. Не знае што му се спрема. Според една анализа во ЦивилМедиа што се појавува на почетокот на 2024 година, Груевски планира да го укине Уставот, а сета власт ќе ја концентрира, каде, ако не во рацете на претседателот.

КОЈ САКА ДА БИДЕ МИНИСТЕР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ?

МАНУ, руската амбасада и неколку десетици невладини организации ја поздравуваат, како што се вели во соопштението до медиумите, „мудрата и правична одлука на Апелација“. Вечерта, Апасиев твитнува во веќе виде стил: „Со Груевски се договоривме: ЈАС ќе бидам Министер за внатрешни работи. Сите ќе ве стреламе. Децата крв ќе ви плукаат.“ Максим Димитриевски на тоа одговара со Фејсбук статус кој завршува со зборовите: „Кога ќе си го видам тилот“.

УКРАСУВАЊЕ НА ГРАДОТ

Данела Арсовска, градоначалничката на главниот град на земјата, која вети дека ќе даде оставка уште во текот на пролетта, но сѐ уште е на власт, издава наредба да се украси градот и да се постават најголема и најраскошна елка во пресрет на 2024 година. Сака да ја исправи грешката од 2022 година кога центарот на градот беше обвиен во мрак и здодевност. Но директорите на градските претпријатија, со рачињата лепливи од медот, ја бојкотираат Данела.

Среде новогодишната еуфорија, никој не забележува дека Мицкоски веќе не е претседател на партијата. Градот останува неукрасен, во мрак и тишина, која често ја прекинуваат рафали и поединечни истрели од огнено оружје, и сирени од албулантни возила. Државата полека ја снемува.


Ова е петто од осумте сценарија за Северна Македонија во 2023 година. Сите сценарија се засновани на лични перцепции и проценки, НЕ се врз основа на конкретни изјави и сознанија. Текстот е на места со намерни претерувања и сатира чија цел е да ги насмее, но и замисли читател(к)ите. Сепак, ниту едно сценарио не е невозможно. Дури и осмото.

(2023) Сценарио 1/8: Радикализација на опозицијата, погрешни потези на социјалдемократите, вмровците победуваат на избори, но не составуваат влада
(2023) Сценарио 2/8: Бугарски синдром, шампита-пуч, политичко и законодавно лимбо
(2023) Сценарио 3/8: Ризик по опстанокот на државата
(2023) Сценарио 4/8: ВМРО-ДПМНЕ се распаѓа

Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: 2023враќањеГруевскисценарио

НАЈНОВО

Популарната теорија за судбината на нашата галаксија можеби е погрешна, велат астрономите

June 3, 2025
Стевчо Јакимовски

Јакимовски: Владата веќе 11 месеци не дава одобрение за негувателки и воспитувачки во градинките под надлежност на Општина Карпош

June 3, 2025

24 Палестинци убиени од израелски оган додека чекале помош во Рафа

June 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Предлог на Русија за капитулација на Украина? Што пишува во рускиот меморандум

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Завршија преговорите Русија – Украина во Истанбул

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Петта економија во Европа: Ни љубоморат, затоа не нè примаат во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меѓународниот ден на детето одбележан со посветеност и емпатија во Амбасадата на Република Словачка во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Украина и Русија во Истанбул договорија размена на воени заробеници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk