ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Економската структура во нашата држава мора да се смени

January 16, 2023 13:30
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Досега недоволно сме направиле за економијата да биде конкурентна на глобално ниво. Имаме недостатоци или сме многу увозно зависни или имаме недостаток на доволно ресурси без разлика дали човечки или други и не секогаш имаме доволно јасни, прецизни и навремени политики, истакна вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на панелот „Како истовремено да оствариме соборување на инфлацијата и раст на економијата“ во рамки на конференцијата „Економски предизвици во 2023 година: Како да го одржиме економскиот раст и ја трансформираме економијата“, во организација на Стопанската комора.

Тој посочи дека полека мораме да ја смениме економската структура на нашата држава.

-Иако има подобрување, последните четири години во криза ни покажаа дека треба да имаме една цел – да креираме поконкурентна економија. Во година на справување со кризи може да зборувате за краткорочни приоритети и мерки, но јас сметам дека е време да зборуваме и за краткорочни и за долгорочни приоритети. Краткорочните треба да се насочат да одговорат на секојдневните потреби за да не се дозволи да влеземе во рецесија. Долгорочните, пак, треба да одговорат на предвидливоста, рече Битиќи и додаде дека нема предвидливост ако нема долгорочни и јасни приоритети.

Како прв краткорочен приоритет го посочи задржувањето на инфлацијата на стапките кои се предвидуваат, а како втор – справувањето со енергетската криза.

-Мислам дека со сите преземени мерки во 2023 година влегуваме како поприлично поспремни во делот на ставање на сите домашни капацитети за производство на електрична енергија во функција, но и вложување во нови енергетски капацитети, потенцира Битиќи

Како трет краткорочен приоритет ја посочи помошта во одржувањето на ликвидноста на компаниите и додаде дека во 2022 година, која беше кризна, за поддршка на инвестициите се дадени 30 милиони евра што е најмногу досега при што 98 отсто од поддржаните компании се домашни кои се одважиле да направат инвестиции во претходната година. Четврт краткорочен приоритет, посочи, е справувањето со недостигот на работна сила кој е клучен приоритет за подобрување на продуктивноста.

-Ние сме една од ретките држави во која има висока стапка на невработеност, а има недостиг на работна сила. Годинава еднаш за секогаш ќе ја отвориме табу темата дали во нашата држава може да увеземе работна сила за да се зголеми продуктивноста и конкурентноста на економијата, најави Битиќи.

Сметам, додаде, дека зголемувањето на патите е добро за зголемување на продуктивноста, но потенцира, се покажа дека и покрај зголемувањето на патите продуктивноста е уште ниска.

-Затоа мораме да го смениме пристапот. Не можеме цело време да се бориме со заштита на нашата работна сила која е невработена, а при тоа тие да одбиваат работа и економијата да трпи. Не можеме да имаме ни јавни инвестиции ако немаме увоз на работна сила во земјава. За жал таква е состојбата и ние еднаш за секогаш мора да се справиме со тоа, посочи Битиќи.

Како долгорочен приоритет  ја истакна 20-годиншната националната развојна стратегија за развој на државата чиј процес на креирање започна пред една година.

-Мора да се одважат сите чинители долгорочно да постапуваме. Сите чинители ќе бидат активни при креирањето на националната развојна стратегија. Треба да поставиме одредена предвидливост и да креираме јасна визија за нашата земја, потенцира Битиќи.

Tags: економијаСтопанска комораФатмир Битиќи
Next Post

Ковачевски: Не сум задоволен од работата на директорот на Управата за извршување санкции, почнат е процес за избор на нов директор

Shortcut

Најново

Мицкоски: Претходната Влада потпиша капитулација со прифаќање на бугарските барања, ние нема да попуштиме на уцени

June 16, 2026

СДСМ до Обвинителството: Уште колку докази за криминални тендери се потребни за да започнете истрага?

June 16, 2026

(ВИДЕО) Уапсен скопјанец за опожарување на две возила на амбасадата на Бугарија

June 16, 2026

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026
Фото: 360 степени

(ВИДЕО) Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Оставката на Груевска-Маџоска е доказ за распадот на културната политика на Љутков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk