ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Ковачевски: Не сум задоволен од работата на директорот на Управата за извршување санкции, почнат е процес за избор на нов директор

January 16, 2023 13:35
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Не сум задоволен од работата на директорот на Управата за извршување санкции при Министерството за правда и веќе почнав процес на селекција на нов директор, изјави премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на прашање за корупција во затворите во врска бегството на затвореникот Беким Мемети за што на вработени од „Идризово“ им е определен притвор осомничени дека го овозможиле бегството.

Промената на директорската функција во Управата, како што појасни, нема да биде на седница на Владата утре туку на некоја од наредните седници.

За затворот „Идризово“, рече Ковачевски, новиот директор е назначен пред неколку месеци, а претходниот бил сменет врз основа на консултации што ги имал со меѓународни институции во областа за управување затворски систем и на институции кои финансираат унапредување на затворски систем.

-Врз основа на тие консултации и разговори што ги имав тогаш направивме промена на директорот на затворот „Идризово“. Сега, врз основа на неколкуте пропусти што се направени, ќе имаме нов директор на Управата за извршување санкции, додаде Ковачевски.

За случајот со бегството на осуденикот Мемети рече не би образложувал повеќе затоа што е во надлежност на Обвинителството, но се заблагодари на Министерството за внатрешни работи што ја завршило својата работа, реагирало брзо и го санкционирало случајот.

– Единицата за корупција во Секторот за криминалистички истраги при Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција веќе поднесе кривична пријава против четворица затворски полицајци – командир и надзорници вработени во КПУ „Идризово“, рече премиерот Ковачевски одговарајќи на прашања на прес-конференција

Tags: Беким МеметиДимитар КовачевскиИдризово
Next Post
Фатмир Битиќи. Фото: Дехран Муратов / Фронтлајн

Битиќи: Нашите производи треба да ги направиме поконкурентни на регионалниот пазар

EVN

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео Јутјуб

(ВИДЕО) Гвинет Палтроу за поранешните љубови: Бен Афлек технички одличен, Бред Пит љубов на животот

January 7, 2026
Апсење на Николас Мадуро и геополитички последици по падот на Мадуро

Падот на Мадуро и скриениот губитник: Која држава ќе ја плати највисоката цена

January 7, 2026
Илустрација Фротнлајн, генерирано со ВИ

Божиќ – празникот на Христовото раѓање и зошто православните го слават на 7 јануари

January 7, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација. Фото Фронтлајн, генерирано со ВИ

    Кои се најпродавани автомобили во Македонија во 2025 – што возиме најмногу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку точно заработија ѕвездите на „Stranger Things“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Грок на Илон Маск под истрага за генерирање сексуално експлицитни дипфејкови од жени и малолетници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Хајди Клум ја испрати 2025 и ја дочека 2026 во топлес, на зајдисонце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија изгуби 90.000 војници за три месеци. Подготвуваме реорганизација на одбраната, вели Зеленски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk