ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Радев им го додели мандатот на Бугарските социјалисти да формираат влада

January 16, 2023 14:21
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Бугарија, Румен Радев денеска и го додели мандатот за формирање влада на Бугарската социјалистичка партија, што е последен обид да се избегнат петтите парламентарни избори во последните две години.

Иако изгледите на социјалистите за формирање влада се слаби, лидерот на таа партија, Корнелија Нинова, изјави дека партијата ќе даде се од себе „да формира редовна влада, која е многу потребна“.

Радев им го додели мандатот на социјалистите бидејќи двете најсилни опции во Парламентот не обезбедија мнозинство: коалицијата околу партијата ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов и реформистичката партија „Продолжуваме со промените“ на Кирил Петков, исто така поранешен шеф на владата.

Шефот на државата е должен прво да го додели мандатот на најсилната, а потоа на втората најсилна партија, додека третиот пат, како што е сега, има „одврзани раце“.

Бугарската социјалистичка партија го зазеде петтото место на изборите на 2 октомври. Коалицијата околу партијата ГЕРБ, како и Демократска Бугарија, која се најде на шестото место, најавија дека нема да ја поддржат владата предводена од социјалистите, пред се „затоа што се проруски настроени“ и постојано гласале против испраќање воена помош за Украина.

Доколку социјалистите не успеат да обезбедат мнозинство за формирање влада, Радев мора да го распушти Парламентот, да назначи преодна влада и да распише предвремени избори за два месеца.

Аналитичарите очекуваат дека новите избори ќе имаат сличен исход како и претходните и дека ќе продолжи политичката криза која трае од 2020 година.

Најсиромашната членка на Европската унија тогаш беше потресена од демонстрации против владата на Бојко Борисов, каде илјадници бараа елиминација на корупцијата и ефективна реформа на судството.

Од април 2021 година, кога се одржаа последните редовни парламентарни избори, формирањето на стабилна влада беше спречено со остра поларизација меѓу партиите кои се недоволно моќни.

Оттогаш Радев назначи неколку преодни влади, а единствената во полн капацитет, предводена од Петков, беше формирана по вонредните избори во ноември 2021 година, но нестабилната четиричлена коалиција се распадна по само шест месеци, во јуни 2022 година

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: бугаријаРумен Радев

НАЈНОВО

Максим Димитриевски повторно кандидат за градоначалник на Куманово

June 6, 2025
Украина, 6 јуни 2025 (извор: ДСНС Украина)

Единствениот „аргумент“ на Русија е теророт: Ноќниот ракетен терор убива цивили низ цела Украина

June 6, 2025

Со новиот граничен премин Маркова нога – Лемос за 40 минути ќе се патува од Ресен до грчка Преспа

June 6, 2025

НАЈЧИТАНО

Plugin Install : Popular Post Widget need JNews - View Counter to be installed

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk