ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи по средбата со Рау: Северна Македонија ќе остане да биде чувар на заложбите на ОБСЕ

January 17, 2023 16:36
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи денеска во Полска оствари средба со шефот на полската дипломатија Збигњев Рау, кој беше претходен претседавач со Организацијата во текот за 2022 година.

На средбата, како што соопшти МНР, Османи уште еднаш оддаде признание за ангажманот и напорите на полското претседавање со Организцијата во 2022 година и тоа во исклучително тешки услови во ОБСЕ регионот, а воедно и изрази благодарност за поддршката од Полска за претседавањето на земјава.

– Како дел од тројката претседавачи, очекувам да продолжи блиската соработка со цел заеднички да ги адресираме предизвиците на Организацијата и да обезбедиме ефикасна функционалност и присуство на ОБСЕ на терен меѓу луѓето на кои им е потребна нашата помош во обезбедување стабилна и безбедна околина во која живеат, потенцираше Османи на средбата.

Пренесувајќи ги впечатоците од посетата на Украина, особено на загрозените подрачја, министрите заеднички ја повторија осудата за агресијата на Руската Федерација врз Украина, потенцирајќи дека таа претставува најтежок чин на кршење на меѓународното право и принципите и обврските на ОБСЕ.

– Колку и да се обесхрабрувачки најновите случувања на теренот, треба да продолжиме упорно да работиме на стопирање на агресијата и на повлекување на руските воени сили од Украина и да обезбедиме простор за дипломатско решение кое ќе обезбеди стабилен и долгорочен мир, потенцираше Османи.

Тој, како што додаваат од МНР, потсети и дека ОБСЕ може да понуди ресурси и механизми за изнаоѓање излез од ситуацијата, како и за ублажување на последиците од војната, потенцирајќи дека сите страни треба да целосно да го искористат потенцијалот на Организацијата.

– Северна Македонија ќе остане да биде гарантор и чувар на принципите и заложбите на ОБСЕ и само со почитување на истите, може да се продолжи со решавање на војната, колку што е можно поскоро, со цел да се намалат страдањата на луѓето. Водени од нашето мото „За луѓето се работи“, наш фокус ќе биде да им се помогне на луѓето и тоа не само во Украина, што е од најголема важност, туку и на другите региони кои се опфатени со влијание од продолжени конфликти, нагласи Османи.

Според правилата на ОБСЕ, министерот за ндворешни работи на Полска како претходен претседавач со Организацијата, во 2023 година ќе претседава со Групата за соработка на ОБСЕ со азиските партнери и воедно е дел од Тројката претседавачи.

Tags: Бујар ОсманиЗбигњев РауОБСЕПолска
Next Post

Во Франција почна судењето на екстремистите поради обид за атентат на Макрон

Shortcut

Најново

„BorderBite“ во Стар Дојран: Локални производи и култура ќе ги поврзат граѓаните од двете страни на границата

June 24, 2026

СДСМ бара „ДКСК да го истражи скандалот со Јанушев и поврзаноста со бугарска фирма“

June 24, 2026

Со поддршка од НАТО, ЦУК започнува модернизација на системот за управување со кризи

June 24, 2026

Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

June 23, 2026

Државата турка монопол на игрите на среќа, кој има интерес од тоа?

June 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk