ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Данела не се скара уште сама со себе, продолжува самоволието на градската шерифка

Тоа долно, примитивно и автократно однесување кое досега го гледаме од пресметаните потези на унгарската конзулка Арсовска, потсетува на хибридна комбинација од политиките на режимскиот простаклук, и сплеткарење на жена на сред селска чешма со рацете потперни на колкови.

January 18, 2023 11:57
in PMD, ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува АНА ВАСИЛЕВСКА

Ана Василевска
Ана Василевска

Не помина ниту еден месец од скандалите со сообраќајот во Скопје, а градоначалничката Данела Арсовска посегна и по срцето на градската култура, Младинскиот културен центар. Нејзините кавги кои почнаа со Христијан Мицковски, и заканувачките шерифски погледи од Собраниската маса, продолжија со условување на приватните превозници што го затнаа градот и предизвикаа неколкудневен хаос во метрополата.

Сега, нејзиното самоволие се прели во Младинскиот културен центар, каде што синоќа му врачи отказ на директорот Ванчо Богоев, директор кој самата го постави по нејзиното назначување. Првиот човек на МКЦ, „летнал“ бидејќи се спротиставил да потпише две решенија за вработување, меѓу кое тоа за Бени Шаќири.

Еден под клучните поддржувачи во изборната кампања на Арсовска за Скопје, беше токму Шаќири, кој се надеваше на директорската позиција на МКЦ. Сега, на чекор до влезот во градската културна институција, веројатно се создаваат услови тој да влезе, баш онака, каубојски со клоца во двокрилна салунска врата.

Какви биле математиките на сите досегашни поддржувачи на „шерифката“, од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ до Ленин од „Слобода превоз“, и актуелниот мотив на Бени Шаќири, нека се занимава нејзиното „лично сметководство“, но едно е сигурно дека, барем досега, сите тие излегоа жртви на нејзиното ветување.

И тоа, нам обичните граѓани и граѓанки алаш-веришот за позиции и пари, помалку не интересира (иако тоа се наши пари) ама секако е во наш интерес да го сочуваме Градот од тотална катастрофа која се заканува од раководењето на Арсовска. Или можеби, маглата на најако во скопската котлина треба да ни го замагли видот?

Тоа долно, примитивно и автократно однесување кое досега го гледаме од пресметаните потези на Арсовска, потсетува на хибридна комбинација од политиките на режимскиот простаклук, и сплеткарење на жена на сред селска чешма со рацете потперни на колкови.

Младинскиот културен центар, оваа година прослави пет децении од своето постоење, тоа е култниот бастион на независната културна сцена на Градот, место на почетоците на „Скопскиот џез фестивал“, фестивалот „Млад отворен театар“, субкултурата, на „Рок фест“ и стотици круцијални настани за креирање на убав и модерен артистички амбиент на Скопје.

Не знам, и не можам да разберам кои граѓани го дадоа својот глас за анонимна, полуписмена жена, патем унгарска конзулка,  да раководи со веќе милионски град, но сигурна сум дека револтот што го создаде во меѓувреме и кај блиските поддржувачи и кај јавноста е акумулиран до степен на експлозија.

Тој што се надева на новата директорска позиција на МКЦ, и која било друга ветена од Арсовска, нека биде подготвен да добие клоца штом, на шерифката нешто нема да и биде по волја, а ние ќе чекаме таа конечно да се скара и со самата себе, и да го ослободи Скопје.

Да живее 13 Ноември!


Текстот е личен став на Авторката. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. Извор НоваТВ

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Град СкопјеДанела АрсовскаМКЦ

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk