Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека Берлин ќе остане сојузник на Кијив се додека е потребно и ќе продолжи да испорачува оружје, вклучително и артилерија, со што јасно, како што нагласи, ќе се избегне војна помеѓу Русија и НАТО.
– Германија е една од земјите што најмногу ја поддржува Украина. Се разбира, САД се лидери, но сите членки на ЕУ му помагаат на Кијив и ќе продолжат да го прават тоа. Што се однесува до Германија, ние им помагаме хуманитарно, економски и воено, посочи Шолц на Светскиот економски форум во Давос.
Тој наведе дека Германија на Украина ќе и достави и артилериско оружје, хаубици и ракетни фрлачи со повеќе цевки.
– Секако, нема да направиме ништо сами, туку во договор во ЕУ и со САД. Храбриот украински народ може да се потпре на нас и нема да дозволиме да се претвори во конфликт меѓу Русија и НАТО, посочи Шолц.
Извор: МИА