ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Според бројот на нови електрани, Северна Македонија е Елдорадо за обновливи извори

January 18, 2023 10:58
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Регулаторното тело (РКЕ) во Северна Македонија минатата година издаде 267 дозволи за производство на зелена електрична енергија, во просек по една на работен ден. Бројката покажува дека оваа Северна Македонија е Елдорадо за инвестиции во зелена енергија. Вкупниот енргетски капацитет на новите електрани е над 150 мегавати, посочи првиот човек на комисијата Марко Бислимоски, пишува српски Balkan Green Energy News.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) на Северна Македонија издаде дозволи во 2022 година за 267 постројки за производство на електрична енергија од обновливи извори. Вкупната новоинсталирана моќност во тој сегмент е 152,2 мегавати.

Вкупната инсталирана моќност на новите централи за зелена енергија е 152,2 мегавати

„Најголем дел од инвестициите се во соларни централи, за кои се издадени дозволи за вкупно 106,5 мегавати. Што се однесува до ветерниците, РКЕ одобри почеток на работа за 36 мегавати. Дозволи се издадени за мали хидроцентрали за 7,2 мегавати, а за биогас термоелектрани за 2,5 мегавати. Постројките изградени во 2022 година можат да ги задоволат потребите на 65.700 домаќинства со просечна потрошувачка на електрична енергија“, соопшти регулаторното тело.

Се проширува интересот за приватни инвестиции во обновливи извори на енергија

Според бројот на издадени дозволи за само една година, може да се заклучи дека Северна Македонија е Елдорадо за инвестиции во обновливи извори на енергија, рече претседателот на Комисијата, Марко Бислимоски.

„Ако се има предвид дека се работи за сложен процес чија крајна цел е вклучување на нови производни капацитети во електроенергетскиот систем, овие бројки при сумирање на годината покажуваат дека практично секој работен ден сме го завршиле процесот за издавање лиценца за една нова електроцентрала“, нагласи тој.

Бислимоски посочи дека минатата година за прв пат е забележано „ултра рекордно проширување“ на приватните иницијативи за инвестирање во обновливи извори.

Овие бројки покажуваат дека практично секој работен ден го завршувавме процесот за издавање дозвола за еден нов погон, вели Бислимоски.

Тој додава дека енергетската криза, колку и да била неповолна, поттикнала голем број бизнисмени да инвестираат во фотоволтаични централи, нагласувајќи дека со нив можат целосно да ги задоволат сопствените потреби за електрична енергија во сончевите денови.

Трендот на раст на инвестициите ќе продолжи и годинава

Во 2022 година во енергетскиот биланс на земјата се додадени капацитети од обновливи извори еднакви на вкупната планирана моќност на три стратешки енергетски проекти што државата ги гради со години. Станува збор за хидроцентралите Козјак и Света Петка и ветерниот парк Богданци, истакна РКЕ.

Вкупниот капацитет за производство на електрична енергија од обновливи извори лани е зголемен за седум отсто.

Бислимоски смета дека овој тренд ќе продолжи, а во 2023 година очекува на мрежата да се приклучат уште 250 до 300 мегавати од обновливи извори.

РКЕ размислува за измени на прописите според кои секој што ќе изгради фотоволтаична централа би имал обврска да постави батерија.

Извор: Balkan Green Energy News.

Подготви: Ј. Ѓ.

Tags: ветернициЕлдорадоелектранизелена електрична енергијаМарко Бислимоскиобновливи извориРКЕфотоволтаични централи
Next Post

Стапката на инфлација во Велика Британија се намалува втор месец по ред и достигна 10,5 отсто

НАЈНОВО

Фото: МИА

Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

November 2, 2025

Герасимовски: Центар што го сакаме е победнички и во сигурни раце

November 2, 2025
Фото: МИА

Во Кочани кандидатот на ВМРО–ДПМНЕ Владко Грозданов, прогласи победа

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Чудото до пирамидите: Египет официјално го отвори „Grand Egyptian Museum“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk