Германската верзија на реалното шоу „I’m a Celeb“ (Ich bin ein Star) повторно се врати на малите екрани, а овој пат натпреварувачите снимаа во австралиски камп во џунглата. Станува збор за 16-та сезона на шоуто „Јас сум славен – води ме одовде!“, а водител на емисијата е Јан Копен.
Откако беше откриена локацијата на снимањето на емисијата, гледачите дознаа и дека во текот на првата недела ќе одлучат кој кандидат ќе го полага тестот во џунгла, а во втората недела ќе одлучат кој кандидат ќе го напушти кампот.
Првата епизода беше емитувана на 13 јануари, а на фотографиите од снимањето се гледа како полуголите натпреварувачи се подготвуваат да снимаат различни предизвици.
По минатогодишното издание во камп во јужноафриканска џунгла, оваа година шоуто е сместено во Австралија, а гледачите ќе можат да одлучат кој ќе ја преземе титулата „крал на џунглата“ од Филип Павловиќ. Инаку, Павловиќ има корени од Хрватска и БиХ, а е роден во Хамбург. Играше во младинската фудбалска репрезентација на Босна и Херцеговина, но спортската кариера му заврши поради повреди. Во 2018 година учествуваше во српското реално шоу „Парови“, а во Германија се испроба и како актер.
Извор: jutarnji.hr