Официјалната Фејсбук страница на Мисијата на ОБСЕ во Скопје беше неодамна хакирана. Веќе ги презедовме сите неопходни чекори за да го пријавиме нападот кај менаџерскиот тим на Фејсбук и додека истиот не се реши, сите објави или пораки добиени од хакираната страница не се авторизирани од ОБСЕ, соопшти ОБСЕ.
-Овој инцидент е уште еден потсетник за кибер-заканите во денешното дигитално доба, кои без исклучок ги погодуваат приватните бизниси, владата и меѓународните организации, стои во соопштението на ОБСЕ.
Фејсбук страницата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје вчера беш хакирана.
-ОБСЕ потврдува дека фејсбук-страницата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје е хакирана. Ве молиме имајте предвид дека сите пораки кои доаѓаат од таа сметка до понатамошно известување не се авторизирани од ОБСЕ, беше наведено од ОБСЕ.
Линк до претходната објава: Хакирана фејсбук – страницата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје – frontline.mk
По хакирањето страницата на Мисијата на ОБСЕ во земјава е преименувана во „Đỗ Thị Thanh Tâm“.
Во моментов со ОБСЕ претседава Република Северна Македонија. Претседавањето ќе трае во текот на целата 2023 година.
Извор: МИА