ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маројевиќ: Испораката на топлинска енергија преку системот за централно греење до објектите од почетокот на грејната сезона се одвива континуирано

January 22, 2023 14:14
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Испораката на топлинска енергија преку системот за централно греење до објектите од почетокот на грејната сезона се одвива континуирано и така ќе продолжи до крајот на грејната сезона, изјави Александра Маројевиќ, помошник на директорот за производство од АД ЕСМ.

– Во овој момент нема дефект на централниот систем за греење со кој управува ЕСМ и нема затворен објект за испорака на топлинска енергија по тој основ. Топлинска енергија се испорачува до сите објекти приклучени на системот со кој управува ЕСМ. Од почетокот на грејната сезона до денес дефектите во дистрибутивната мрежа и во производните постројки се во очекувано мал број и се санирани во најкраток можен рок, со највисок приоритет, со цел намалување на загубите и воспоставување на редовен режим на испорака на топлина до потрошувачите, рече Маројевиќ.

Таа рече дека испораката на топлинската енергија до потрошувачите согласно регулативата се врши по строго утврдени правила и дијаграми во зависност од атмосферските услови и надворешните температури во различни периоди од денот. Доколку надворешните температури се пониски, се испорачува поголемо количество топлинска енергија и обратно, така што корисниците имаат обезбеден комфор и загреани домови согласно стандардите. При испораката на топлинска енергија се обезбдува оптимална потрошувачкa на топлинска енергија со минимални трошоци за греење на корисниците. Потрошувачката на топлинска енергија во објектот се регистрира на мерилото во топлинската станица.

-Повисоките надворешни температури во одредени денови во однос на очекуваните во текот на грејната сезона, влијаат на намалување на потрошувачката на топлинска енергија кај потрошувачите, а тоа директно влијае и на порамнителните фактури за топлинска енергија. Потрошувачите, во текот на целата година, во своите сметки на задната страна добиваат податок за тоа колку енергија потрошиле, колкава е ангажираната моќност и колкава е разликата помеѓу реалниот и надоместокот кој потрошувачите го авансирале со авансните факури, рече таа.

Истакна дека во изминатите три месеци, откога ЕСМ ја има лиценцата за производство дистрибуција снабдување на топлинска енергија во градот Скопје има постојан раст кај повторните вклучувања во системот и нови потрошувачи.

-Околу 70 исклучени потрошувачи повторно се приклучиле и дале доверба на системот за централно греење. Во 17 објекти со вкупна инсталирана топлинска моќност од 5 МW и 1200 нови потрошувачи е извршено пробно греење од кои 12 објекти со инсталирана моќност од околу 3 МW и 750 нови потрошувачи се приклучиле до денеска на системот за централно греење. Ги повикувам потрошувачите за сите пријави на дефекти и рекламации за квалитетот на греењето, да се обратат до Центарот за грижа за потрошувачи, сите потрошувачи кои ја добиваат фактурата во хартиена форма да ја искористат можноста за добивање на е-фактура и оние кои сеуште немаат склучено договор за снабдување да продолжат да пристапуваат кон пунктовите да склучуваат договори, рече Маројевиќ. 

Извор: МИА

Tags: дистрибуцијаЕСММаројевиќтоплинска енергијацентрално греење
Next Post

Средба меѓу Груби и Гир за процесот на интеграциите на земјава во ЕУ

НАЈНОВО

Фото: Wikimedia Commons

Барак Обама ќе ги предводи предизборните митинзи на демократите за гувернери во Вирџинија и Њу Џерси

November 1, 2025
Фотомонтажа Фронтлајн и Анаис

ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

November 1, 2025
Фото: МВР Србија

Една година од трагедијата во Нови Сад: Со 16-минутна тишина оддадена почит на загинатите

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kога вештачката интелигенција станува режисер: Видео револуцијата со Sora и Gemini

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk