ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Пенов за Фронтлајн: 2022 година е катастрофална за општинските капитални инвестиции, најголем пад има Скопје

January 22, 2023 19:57
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Изминатата година за жал немаше капитални инвестиции во општините и 2022 година е со најниско нивото на инвестирање, оценува министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, во интервју за „Фронтлајн“. Тој вели дека за ваквата состојба постојат објективни и субјективни причини.

„Во објективните секако спаѓа енергетската криза која доаѓа по ковид пандемијата кој исто така ги наруши економските текови. Сепак забележителна е појава која треба да се анализира, а тоа е дека заради енергетската криза трошоците на општините за енергија во првите девет месеци во 2022 се зголемиле за една милијарда денари повеќе од она што го плаќале во 2021. Тоа е огромно зголемување на трошоците. За да ги надоместат тие трошоци, општините ги намалиле капиталните инвестиции најдрастично. Но затоа пак кај платите секаде има некаков пораст, како и кај договорните услуги“, вели Пенов.

Според него а одбележување е што инвестициите не се намалени само за една милијарда денари, колку што бил трошокот за електрична енергија, туку се намалени за милијарда и деветстотини милиони денари, односно скоро двојно, што, додаде Пенов, е неповолен и неоправдан ефект. Тој додаде дека некои други трошоци се зголемиле, како што се платите и договорните услуги.

Министерот наведува дека најголем пад има во Скопје. Исто така вели дека постојат и општини каде зголемени се и долговите за дополнителни осумстотини милиони денари, што говори за катастрофална 2022 година.

„Но, има и позитивни примери. На пример Скопје, каде има најголем пад на капитални инвестиции, нема зголемување на долговите. Општина Карпош пак е лидер во намалување на долговите, речиси до нула. Тоа говори дека останатите општини (градоначалници) многу неекономично работеле и неефикасно во реализација на проектите од интерес за граѓаните“, рече Пенов.

Погледнете го целото интервју со министерот Ристо Пенов

(ВИДЕО) Пенов: Општините останаа без капитални инвестиции и ги зголемуваат долговите

Tags: капитални инвестицииопштиниРисто Пенов
Next Post

Во Кривичен ќе биде објавена пресудата за „Титаник 2“

НАЈНОВО

МИА

Продолжи судењето за „Жан Митрев“: Обвинителството ги претстави финансиските податоци на Клиниката од 2018 до 2021 година

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за четири општини: Гласање на 11 јануари

November 17, 2025

Интервју со д-р Благица Петрески: Буџетот за 2026 година е изграден врз нереално високи проекции на приходи

November 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Јутјуб

    (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Креаторката на контроверзната ВИ-актерка Тили Норвуд најави уште 40 дигитални ликови – Холивуд во паника

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 17 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали е штетно да се пие вода додека јадеш?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Британија вози во лева лента, а речиси целиот свет во десна?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk