ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Пенов за Фронтлајн: Општините ја доживуваат децентрализацијата по системот „дајте ни повеќе пари“, а дел уште не вовеле данок на имот

January 22, 2023 15:27
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов очекува позитивна промена во 2023 година во исполнувањето на капиталните инвестиции на општините. тој во интервју за „Фронтлајн“ вели дека енергетската криза го намалува притисокот и дека фокусот кон капиталните инвестиции ќе се зголеми. Во интервјуто тој е осврна и на се почестите барања на општините Владата да се вклучи во решавањето на нивните предизвици.

„Децентрализацијата функционира од 2005 година, тоа се 18 години, а не можеме да почувствуваме промена во преземање на обврските. Тоа значи дека децентрализацијата се доживува само според системот „дајте ни повеќе пари“, повеќе пари од ДДВ, повеќе пари од други приходи… Тоа и се одвива, можеби со бавна динамика, но се случува. Учеството на општините во ДДВ од три проценти се зголеми на пет, колку што е сега, оваа година ќе биде пет и половина за да стигне до шест и половина до 2025-тата. Но, идејата за децентрализацијата, особено финансиската, кога се формираа општините беше нивните буџети 70% да бидат државни дотации, како за образование, за градинки, за пожарни, за култура и друго, а 30 % од сопствени извори на општините, со тоа што најиздашниот извор што е пренесен во општините е данокот на имот“, рече Пенов.

Тој вели дека проекцијата е со сопствените приходи на општините, а најмногу преку овој данок на имот, општинските буџети да пораснат на 70%, а учеството на државата да се сведе на 30%.

„Еве осумнаесетта година соодносот не е променет. Тука воочуваме дека на пример комуналиите што ги плаќате кога земате градежна дозвола се исти. Тоа не е социјална категорија. На пример за да се изградат овие големи згради околу нас, тоа е бизнис високо профитабилен. На нив може да им се качат комуналиите дупло, тродупло, бидејќи реално со парите што ги плаќаат, да не споменувам примери, но во централно градско подрачје да изградите 20-30 катница целата инфраструктура треба да се промени“, рече Пенов.

Тој вели дека незголемувањето се должи на популизам или некои други интереси.

„Тешко е човек да обвинува, но корупцијата може да биде извор…Второ го споменав најиздашниот приход, данокот на имот. Во светските економии третина од приходите, не само во општините туку во една држава, една третина приходи се лични доходи, една третина се профити, една третина е рента од имот, од земја, од станови и тие се најиздашен извор на приход кој ние сме го дале да се финансираат општините. Но тие тука прво се соочија со неискуство да ги преземат, второ ниска е евиденцијата на објектите кои треба да се даночат. Во градот Скопје градоначалничката тврди дека само 30% од објектите ги има евидентирано, а така е и во другите градови. Имаме општини каде воопшто не е воведен данок на имот. Ние се нервиравме дека Арачиново немаше данок на имот, но ист е случајот и со други општини. Тука можам да ја пофалам општина Кавадарци, бидејќи заедно со УСАИД работиме да им помогнеме на општините да ги евидентираат имотите. И тоа се оди пешки од улица до улица од куќа до куќа., се мапира, се бараат сопствениците и се евидентираат. Општина Кавадарци целосно успеа да ги воведе имотите во систем“, смета Пенов,

Според него, ефектите од данокот на имот ќе се видат допрва, но мапирањето и внесувањето го има.

„Имаме и поинаков случај како на пример општина Чаир, која е скопска општина, која има неколку илјади легализирани објекти, а не се внесени во базата на градот Скопје. Но тоа не е само на општина Чаир проблем, туку и на Скопје како град, бидејќи легализацијата ја верификува градот Скопје и тие не се внесени во базата на град Скопје дека е платен данок. Значи еден неодговорен однос, а кога ќе дојдат проблемите ајде Владата да го реши“, кажа Пенов.

Погледнете го целото интервју со министерот Ристо Пенов

(ВИДЕО) Пенов: Општините останаа без капитални инвестиции и ги зголемуваат долговите

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: данок на имотдецентрализацијатинтервјуопштиниРисто Пенов

НАЈНОВО

Скриншот

Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

July 5, 2025
Фотомонтажа: Коалиција Маргини

Коалиција Маргини: Репродукција или казна – Како власта ни ја дисциплинира иднината

July 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца и младите да стапуваат во брак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk