Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска присуствуваше и на третата јавна расправа за Законот за работни односи што се одржа во Штип, се вели во соопштението на МТСП. На оваа расправа, учество зедоа претставници на работодавачите, вклучувајќи ги и претставниците на Организацијата на работодавачи на Македонија.
– Министерката во своето воведно обраќање истакна дека Законот за работни односи е основен закон со кој се уредуваат базичните права од работен однос, таа посочи дека со овој документ се воспоставува баланс во односите помеѓу договорните страни, се вели во писменото соопштение на МТСП.
За време на расправата се наведува и оти била развиена плодна дискусија, со конструктивни забелешки што, како што посочила министерката, треба да придонесат во унапредување на документот, што значи почит на правата на работниците.
Извор: МИА