ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

(ФОТО) Сообраќајна култура или сообраќаен срам – одраз на цивилизираноста на една земја

January 24, 2023 13:34
in PMD, ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Се вели дека сообраќајната култура е реален одраз на цивилизираноста на една земја, па ако ова е вистина и ако судиме по сообраќајната култура можеме да дознаеме какви сме навистина.

На социјалните мрежи секојдневно се споделувуваат фотографии од примери како се загрозува текот на сообраќаајот секојдневно, но и животот воопшто, блокирајќи пристап, на возило на Брза Помош, противпожарно возило и слично и сето тоа затоа што се нема доволно места за паркирање или култура да се паркира каде што треба.

Разговаравме со администраторите на групата „Ѕид на сообраќјниот срам“, кои како што велат ја создале оваа група за да може да се изрази револтот на граѓаните за сообраќајниот хаос и можеби на ваков пасивен начин дали некој ќе се засрами или ќе го промени своето однесување.

„Мотивот околу создавањето на оваа група, беше првично да се изрази револтот кај граѓаните за сообраќајниот хаос, барем и на еден ваков пасивен начин. Второ, секако, да се види дали некој ќе се засрами доколку е фотографиран. Мене лично постојано ми пишуваат, често и со закани за да го избришам неговиот/нејзиниот прекршок“, вели администраторот на групата Ѕид на сообраќаниот срам, каде што секојдневно се споделуваат примери од лошото паркирање и други сообраќајни прекршоци.

Тој вели дека досега имало многу решенија и предлози, што да се направи и како да се промени и подобри ситуацијата, но ништо не се случило.

Во текот на вчерашниот ден, на територија на цела држава изречени се 164 казни за брзо возење, односно за возачите кои го управувале своето возило со брзина поголема од дозволената. На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден во контроли во областа на сообраќајот изречени се вкупно 100 мерки. Како што соопшти денеска МВР, од сите тие за возење без возачка дозвола се седум санкции, девет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за нерегистрирани возила…

Но, состојбата во главниот град бележи тренд и на секојдневно зголемување на возилата вклучени во сообраќајот, а се помалку паркинг простор, но и лошо паркирање како и паркирање на места каде што не е дозволено.

Преку социјалните мрежи граѓаните секојдневно споделуваат фотографии и статуси со кои реагираат на секојдневна узурпација на површини кои не се наменети за паркирање, како на пример, улици, тротоари и слично, каде што се паркираат возила и сето тоа пречи и никој не реагира, најмалку пак Општините.

Во групата „Ѕид на сообраќајниот срам“ е објавена фотографија каде што се гледа како возило на Брза помош не може да помине затоа што паркиран автомобил ја блокирал улицата.

Исто така вчера епитетот најлошо паркирано возило во групата е ова возило паркирано на тротоар пред билборд среде скопски Центар. Е баш тука има паркинг и повеќе катни гаражи.

Што е главниот проблем, некаде нема паркинг, некаде, се изградени многу станбени комплекси без доволно паркинг места, па возилата се паркираат на улица, а некаде се има сè, и куќа, и паркинг место и гаража, но се нема сообраќајна култура или култура воопшто, па возилата стојат на половина улица, веднаш до гаражата.

Од Министерството за внатрешни работи за ваквите ситуации, каде што половина улица е скратена за паркинг места, велат дека граѓаните мораат да побараат помош и поддршка од Општините, сообраќајната полиција презема мерки, но факт е и дека нема доволно паркинг простор.

„МВР на цела територија на РСМ превзема мерки за санкционирање на прекршокот неправилно запирање и паркирање. Но, исто така, факт е дека во сите општини има недостаток на доволен број паркинг места како околу станбените објекти така и околу голем број деловни објекти, трговски центри, пазари и др., што е прашање во надлежност на локалните самоуправи“, соопштија од МВР.

 

А.Т. / Бриф

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: сообраќаен срамсообраќајна култура

НАЈНОВО

Ердоган: Одлуката на Курдската работничка партија да го положи оружјето отвора нова страница во историјата

July 12, 2025
Фото: МИА

Премиерот Мицкоски на промоција на реконструираниот музејски комплекс во Заливот на коските на брегот на Охридското Езеро

July 12, 2025

Американското Министерство за правда отпушти уште девет вработени кои воделе истраги за Трамп

July 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Tошковски: Имало физички контакт при нападот врз Арсовска, но лага е дека се се случувало пред полицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зоран Кардула со нова самостојна изложба: „Flora Imaginarium“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Арсовска со драматични обвинувања кон МВР: Се обидуваат да го заташкаат тепањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk