Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека не ја исклучува можноста Русија да ја нападне неговата земја од соседна Белорусија.
-Меѓутоа, за Украина ќе биде вистинско изненадување доколку биде нападната од самата Белорусија, додаде истовремено Зеленски, цитиран од УНИАН.
Украинскиот претседател зборуваше на заедничката прес-конференција во Кијив со неговиот фински колега Саули Ниинисто.
Претходно денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека Украина и понудила на неговата земја пакт за ненапаѓање.
Британските медиуми посочуваат дека Русија ја искористи Белорусија како отскочна даска за инвазијата врз Украина на 24 февруари.