РИБАРО
Редакцијата на АХА пресретна телефонски разговор помеѓу Мицко и Вучиќ, во кој Мицко се најде погоден од изјавата на Вучиќ, за тоа како ќе течат преговорите за Косово, и дека Србија не смее да чека и нема друга алтернатива освен членство во ЕУ.
Мицко: Брате Вучиќу, много си ме зајебо со вчерашната изјава.
Ми затна муцки да не можам да гукнам и испаднав последен зачмаен балкански дрмосерец.
Јас си се шлепам на национализам, не давам да влезат Бугари во Устав, безвеза, сосема неважно ако погледниш добро, што никако нема да влијае на состојбите во Македонија.
Давам отпор како последен слепец, само да се дочепам до власт.
Хушкам каде ќе стигнам.
Моите пулени предизвикуваат инциденти. Добро ова последново договорено е со „братя б’лгари“ вмровски отаде границата, ама многу се трудам да ја заебам Македонија да не влезе во ЕУ.
А, ти? Ти така добро ми го спушти. Ми заеба цела операција што систематски си ја правев.
Како тоа брате Вучиќу, мора да се влезе во ЕУ, па со бројки поткрепуваш, со факти дека економски и политички спас за Западен Балкан е влегување во ЕУ? КАКО?!
И сега, што треба јас да правам?
Да си пакувам куферите и правац Будимпешта.
Ич не мислев дека вака ќе ми го начукаш. Многу сум разочаран брате.
Вучиќ: Ма шта то причаш јеботе. Мицко, угурсузе један?! Имам прека посла, на памет не ми пада са тобом да разговарам. Во кој век си ти заглавен човече? Имаш ли барем малку чувство за државност?
Погледни го проблемов мој со Косово и спореди го со она „Бугари су ушли у македонски Устав“. Имаш ли ти претстава колку смешно звучи ово твоје НЕ, јадан Мицко?
Држиш во залежништво цела држава. Свести се!
Кажи ако треба да те пренесеме преку граница до кај твој Грујо, или, најбоље, како оно беше песна: „иди сиџи доле до реке и утопи се“.
Толку можам да ти угодам.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK