ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Во нашата држава има фактори кои сакаат да не одвлечат од патот на ЕУ

January 25, 2023 13:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во нашата држава секогаш има фактори кои сакаат Република Северна Македонија да се одвлече од патот на ЕУ и да се одржи перманентна латентна криза, затоа што тогаш трети фактори од надвор најдобро го имаат своето влијание, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

„Наша задача е да не делуваме на емотивна основа. Мора ладнокрвно да ја согледаме нашата перспектива и интерес. Во овој правец граѓаните да немаат сомнение дека политичките партии во Владата, независно од етничка припадност, се сплотени како никогаш досега во историјата на оваа држава во заштитата на националните интереси и на македонскиот народ, и на Албанците и на другите и на државата во целина. Нема никој да не обесхрабри во таа наша политика или пак да не сподели во таа сплотеност, што има историска димензија“, порача Османи, кој заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килиан Вал го посетија полицискиот центар во Ѓорче Петров и присуствуваа на показна вежба на припадниците на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и Единицата К9.

Од историска перспектива, истакна Османи, она што ние двајца како претставници на две политички партии и двете најголеми етнички групации споделуваме иста визија за иднината, е нешто што ретко може да се најде во друга држава во регионот, па и воопшто во историски контекст во земјава.

Во одговор на новинарско прашање дали бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски ќе биде вратен назад, ако се појави на границата за да присуствува на одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев на 4 февруари, министерот Оливер Спасовски одговори дека за тоа ќе одлучува тогаш. – Ќе одлучиме на 4 февруари, нагласи Спасовски

На прашањето зошто не се прифатени предлозите за прогласување на непожелни личности, Спасовски беше дециден дека врвен приоритет ќе биде да се сочува, мирот, стабилноста и јавниот ред заради тоа што тоа не е добро и за политичките односи внатре во државата и помеѓу соседите.

„Знаеме дека имаме радикални структури кои заради некакви лични, политички и секакви други интереси, сакаат да се нарушува тој процес на стабилизација на односите од една страна. Од друга страна заради тоа што никако не смееме да дозволиме да се наруши и безбедноста на нашите граѓани“, изјави министерот за внатрешни работи.

Спасовски меѓу другото информира дека МВР работи заедно со Агенцијата за национална безбедност и со безбедносните служби во размена на податоци и на информации и врз основа на тие податоци и информации, ќе носи одлуки во секој поглед. Според него, сите тие податоци и информации, што беа дадени се дел од анализите што се прават, а за секоја одлука треба да има и време и момент кога ќе биде донесена.

„Прво и основно заштита на мирот и безбедноста и најважно заштита на нашиот национален интерес, идентитет, нашето право на самоопределување и на достоинството на македонскиот народ и на македонските граѓани“, изјави Спасовски.

Министерот Османи во однос на забраните за граѓани кои навредуваат, како што рече, треба да воведеме принцип кој ќе навреди на територија на Република Северна Македонија, ќе го оспори постоењето на македонскиот народ или ќе покаже територијални претензии, истиот ден треба да му се забрани понатамошен влез во земјава.

„Овој принцип треба да ни биде основа за нашата политика по однос на овој проблем. Тоа треба да го знаат сите, ако го знаат ќе бидат многу внимателни и само на тој начин ќе го прекинеме тој циклус“, потенцира Османи, додавајќи дека не треба да се има ретроактивен пристап во ниту еден проблем.

Османи порача дека никој нема да го обесхрабри и со јавни критики да се грижи за сите заедници, вклучувајќи ја и бугарската заедница.

– Тоа е наша должност, имиџ пред светот и не смееме да го загрозиме тоа што сме го постигнале, рече шефот на дипломатијата.

На новинарско прашање во однос на изјавата од претседателот на државата Стево Пендаровски за поврзаноста со руски структури на некои лица, министерот Спасовски истакна дека сите активности што се преземаат за да се спречи патот на земјава кон ЕУ се истите оние од времето кога го одевме патот за членство во НАТО и се поврзани со геостратешки политики.

„Дека има влијание од други земји што сметаат дека овде им се испреплетуваат нивните геостратешки интереси, има. Дали тие сили имаат поддржувачи на територијата на државата, да, има“, изјави меѓу другото Спасовски.

Тој нагласи дека нас како држава не интересира да го заштитиме националниот интерес и затоа ќе се преземат мерки против сето она што е во спротивно на остварувањето на националните интереси.

„Тие кои го блокираат процесот на пристапување кон ЕУ, не понудија алтернатива. Која е алтернативата за Северна Македонија и за нашиот регион. Се додека нема алтернатива, тој пат што сме го избрале е единствен. Ние сме владина структура што апсолутно е посветена на остварување на овие интереси. Не може и не смее да има поединец или организација што ќе биде посилен од државата. Тоа нема да го дозволиме“, порача министерот Спасовски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Бујар ОсманиОБСЕОливер Спасовски

НАЈНОВО

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025
Фото: Jasin Boland/Universal Pictures and Amblin Entertainment

(ВИДЕО) Скарлет Јохансон и Џонатан Бејли ја „препородуваат“ франшизата „Jurassic World: Rebirth“

July 1, 2025
Скриншот

Арагчи: Нуклеарната програма на Иран стана прашање на национална гордост и слава

July 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ААВМУ во одбрана на Латас, ги осуди заканите на градоначалникот Костадинов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk