Советникот на американскиот Стејт департмент Дерек Шоле го повика Косово да го прифати европскиот предлог за нормализација на односите со Белград, пренесе Бета.
– Разговарав со премиерот на Косово Албин Курти за предлогот на ЕУ за нормализација на односите со Србија и апелирав до Косово да го прифати, напиша Шоле на Твитер.
Тој додаде дека клучна тема на разговорот било партнерството меѓу САД и Косово и заедничката цел за подобрување на европската и евроатлантската интеграција на Косово.
Шоле додаде дека со Курти разговарал и за важноста на мултиетничкиот карактер на Косово и напредокот во разговорите за формирање Заедница на српски општини.
– Разговаравме за напредокот во разговорите за формирање Заедница на општини со српско мнозинство, во контекст на дијалогот, како и за потребата претставниците на косовските Срби да се вратат на своите позиции, напиша Шоле.