ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Немоќни на фронтот, Русите го истурија својот бес врз цивилите, ракетен терор низ цела Украина

January 26, 2023 18:08
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter
  • Русија изврши нови воздушни напади со дронови и ракетни баражи низ цела Украина, ден по одлуката на Германија и САД да испратат тенкови за украинската војска
  • Загинаа 11 луѓе, ранети се исто толку, според последните податоци
  • Агресорот изврши жестоки напади и врз Одеса, откако УНЕСКО го прогласи градот за „Светско наследство во опасност“

Немоќни на линиите на фронтот, Русите го истурија сиот свој бес и зло врз цивилите ширум Украина веднаш по најавите на Германија и САД дека ќе испратат десетици најсовремени тенкови за украинската војска. Рускиот ракетен терор веќе остави милиони луѓе без светлина, топлина и вода.

Украинската војска соопшти дека ги соборила сите 24 дронови, кои се со иранско потекло. Нападите со дронови беа извршени текот на ноќта, односно во мугрите, пред разделувањето. Само на небото над Кијив, украинската одбрана уништи 15 дронови. Украинците уништија 47 од 55 руски проектили. Осум проектили ја погодија целта во станбени подрачја и инфраструктура  низ земјата

Рано изутрина, додека луѓето брзаа на работа, се огласија сирените за воздушен напад, како што претходно објави ЦИВИЛ Медиа. Метрото на Кијив беше главното засолниште во текот на денот.

Во нападите, според информациите на украинските власти, загинале 11 лица, а уште 11 се ранети.

Украинскиот министер за енергетика Херман Халушченко изјави дека енергетските капацитети се мета на руските сили кои „се обидуваат да предизвикаат системски дефект во енергетскиот систем на Украина“. Тој објави дека некои енергетски капацитети биле погодени, што резултирало сопрекини во смабдувањето, а екипите за поправка работат на што побрзо враќање на снабдувањето со електрична енергија.

Максим Марченко, гувернер на јужната украинска област Одеса, рече дека објектите на енергетската инфраструктура биле оштетени во неговиот и во неколку други региони, предизвикувајќи „значителни проблеми со снабдувањето со електрична енергија“.

Нападите на Одеса се случија веднаш откако француската министерка за надворешни работи, Кетрин Колона, пристигна во пристанишниот град на Црното Море, кое УНЕСКО вчера го прогласи за „Светско наследство во опасност“.

Колона требаше да се сретне со нејзиниот украински колега, Дмитро Кулеба, за да разговара за хуманитарна и воена помош, меѓу другото, за можноста и Франција да им се придружи на своите сојузници во НАТО во снабдувањето на Украина со борбени тенкови, модел Леклер.

И Москва и Кијив, кои досега се потпираа на тенковите Т-72 од советската ера, се очекува да ги интензивираат копнените офанзиви напролет.

На Украина ѝ се потребни стотици модерни тенкови за да ги пробие руските линии на фронтот долг повеќе од 1.600 километри и окупира делови од земјата на југ и на исток.

Подготви: Џ. Д.


Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia
Tags: ракетен терор.
Next Post

Македонско-бугарските односи во слепа улица: Амбасадори и експерти за излезните решенија

НАЈНОВО

Минималната плата да биде 600 или 700 евра: Анкета на ССМ покажува силна поддршка за итно зголемување

November 14, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

(ВИДЕО) „Марш за ангелите“ в сабота во Скопје, родителите порачуваат: Ни треба ваша поддршка

November 14, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Астрономите пронајдоа нешто неверојатно скриено зад Плејадите

November 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Ни прават булинг да го смениме Уставот – денес сме таму каде што бевме пред 25 години на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ: Фокусиран сум на Лејкерс, Далас останува во моето срце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 14 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сали на чекор до „Илинденска“, реконструкцијата на Владата пред или по Нова година?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk