ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Договорите за „Отворен Балкан“ чекаат „милост“ на пратениците

January 27, 2023 13:19
in PMD, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА

Договорите од „Отворен Балкан“ со кои што се предвидува работници од Македонија, Србија и Албанија да конкурираат на пазарот на труд во сите три земји, не се ратификувани само во македонскиот парламент.

Во изјава за ЦИВИЛ Медиа претседателот на комисијата за надворешна политика Антонијо Милошоски вели дека се чека Собранието да закаже седница и да се стави на дневен ред гласањето за Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан.

-Овој договор беше изгласан уште пред нова година на 24 седница на комисијата, сега зависи од Собранието кога ќе биде ставено на дневен ред, додава Милошоски.

Поради празниците Собранието ги нема закажано сите седници и оттаму за ЦИВИЛ Медиа велат дека од претседателот Талат Џафери зависи кога 84-тата седница ќе биде закажана.

Националниот координатор за „Отворен Балкан“ и регионална соработка, Марјан Забрчанец вели дека трите држави се целосно подготвени за да се укинат работните визи, предуслов е само договорите да бидат усвоени од Собранието.

„Имаше објективни причини и пречки зошто македонскиот парламент ги немаше изгласано ратификациите на договорите од Отворен Балкан, а тоа во главно се сведуваа на блокадите од страна на опозицијата. Сепак, два од договорите, оние кои се однесуваат на отстранувањето на работните дозволи поминаа на комисијата за надворешни работи во Собранието, откако опозицијата се одважи да ја тргне блокадата“, вели тој.

Според Забрчанец сега пречки нема, останува уште само еден чекор, а тоа е финално гласање на пленарна седница со што ќе се исполнат сите услови за отстранување на работните дозволи во бизнис секторот за граѓаните на Северна Македонија, Србија, Албанија.

„Сите апели се упатени кон Собранието, час поскоро да се најдат на дневен ред и пратениците да ги ратификуваат сите меѓународни договори кои произлегуваат од Отворен Балкан, со што ќе станат правосилни сите мерки и бенефити кои им помагаат на компаниите, на стопанските комори, на граѓаните.  Ако опозицијата има минимум политичка прагма и осет за потребите на граѓаните, не смее да помисли да не ги поддржи ратификациите на законите. За ратификациите е доволно мнозинството од владејачките партии, но имајќи предвид дека Отворен Балкан има поддршка од речиси 80% од граѓаните на земјава и огромни мнозинства од граѓаните во двете соседни земји, ратификациите треба да добијат најмалку 2/3 поддршка во Собранието“, вели Забрчанец.

Главната придобивка од отстранувањето на работните дозволи е обезбедувањето подобри услови на мобилност на пазарот на труд во регионот, односно меѓу трите држави. Поточно, се отстрануваат бирократските и административни процедури кои до сега го забавуваа тој процес.

Тоа директно придонесува кон една од главните цели на повеќето регионални иницијативи – создавање единствен пазар на труд. Ќе се овозможи размена на работна сила согласно потребите на пазарот, во сите можни насоки меѓу трите држави. Компании од Куманово и Скопје ќе мобилизираат работна сила од Врање и околината, а оние од Струга од пограничниот регион во Албанија.

Македонски ИТ кадри ќе можат да работат онлајн од нашата земја за пазарите во Албанија и Србија, при тоа да добиваат плата и придонеси од другите две земји, а примањата да ги реализираат во својата земја. Се разбира и обратно.

Потенцијалите се огромни, голем е бројот на компании за кои оваа мерка ќе значи пополнување нови работни места, а за граѓаните и особено младите можност да заработат повеќе. Оваа мерка придонесува и кон тоа регионот да се претстави како единствен пазар пред поголеми инвеститори за кои прави разлика дали вложуваат во пазар од два или пазар од 12 милиони.

Идентификацискиот број ќе биде налик како матичен број за граѓаните на „Отворен Балкан“. Преку веб порталот за електронски услуги граѓаните ќе може да го добијат тој идентификациски број и со тоа практично нема да мора да вадат работна дозвола за Србија или Албанија.

Иницијативата Отворен Балкан, која започна како Мини Шенген во октомври 2019 во Нови Сад си постави амбициозна цел до почетокот на 2023 година да нема граници меѓу трите земји и да има слободен проток на капитал, луѓе, стоки и услуги. Потписници на Иницијативата се Србија, Македонија и Албанија.

Соња Танеска / CivilMedia

Tags: Марјан ЗабрчанецОтворен БалканпратенициСобрание
Next Post

Милков: Амбасадорот Ангелов би можел да се врати кога ќе се создадат соодветни услови

НАЈНОВО

Независните кандидати меѓу политички игри и институционални бариери

August 18, 2025

Зеленски: Руските напади врз Украина се циничен обид за попречување на мирот

August 18, 2025
Фото: Википедија

„Рајанер“ отвора нова база на аеродромот во Тирана – повеќе од 450 летови неделно до вкупно 33 дестинации во 13 земји

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk