ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вчера ја најавија, денеска ја откажаа – бугарска комедија нема да се прикажува во Битола

January 27, 2023 14:10
in PMD, ДЕНЕС, КУЛТУРА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Само еден ден по најавата дека бугарски комедијанти ќе гостуваат на сцената на Битолскиот народен театар, претставата „Вражалец“ се откажува, соопшти Битолскиот народен театар. Претставата најавена за 1 февруари како дел од репертоарот на драмскиот куклен театар „Иван Радоев“ од Плевен, беше помогната од финансиерот на бугарските клубови во државата Милен Врабевски, како и од Министерството за надворешни работи на Бугарија и Генералниот конзулат на Бугарија во Битола.

„Би сакале да ве известиме дека претставата ‘Вражалец’ која беше закажана на 1 февруари – гостувањето од Р. Бугарија на театарот ‘Мелпомена’ се откажува“, соопштија од БНТ, без да дадат детали кој ја откажува и зошто. Дали Битолскиот театар или пак гостите од Бугарија.

Најавата за гостувањето на бугарските комедијанти во Битола на социјалните мрежи беше протолкувана како уште една провокација од страна на Бугарија.

Посетата на дел од најпопуларните бугарски актери беше по иницијатива и финансирање на Бугарската фондација меморија и МНР на Република Бугарија и требаше да се одржи на 1 2 и 3 февруари во Битола, Штип и Струмица.

„Вчера попладне, за неколку минути, добивме две известувања од салите во Штип и Струмица за еднострано раскинување на договорите за настанот, поради технички проблеми кои настануваат на територијата на театрите поврзани со електричниот систем, кровната конструкција и греење кои не дозволуваат настан што ќе се одржи таму. Го контактиравме и Битолскиот театар, од каде не добивме експлицитно позитивен одговор дека претставата може да се одржи според планираното. Значи, за жал, продукцијата ‘Вражалец’ не може во оваа фаза да ја посети Македонија“, велат од фондацијата „Бугарска памет“.

Како што објавивме вчера на неколку места низ Битола имаше залепено плакати преку кои се информираа и повикуваа граѓаните да ја проследат театарската комедија „Вражалец“ за што влезот беше бесплатен .

Претставници од фондацијата на Врабевски во Битола кажаа дека гостувањето на театарската комедија била закажана уште пред три месеци а не сега во овој чувствителен момент во односите меѓу двете држави. Како и тоа дека одигрувањето на претставата е чин на зближување меѓу двата народа.

А. Б. / Независен

 

Tags: „Вражалец“„Иван Радоев“Битолски народен театарБНТМНРРепублика Бугарија
Next Post

Забрчанец: Ако опозицијата има минимум политичка прагма не смее да помисли да не ги поддржи ратификациите на законите за Отворен Балкан

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk