ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Забрчанец: Ако опозицијата има минимум политичка прагма не смее да помисли да не ги поддржи ратификациите на законите за Отворен Балкан

January 27, 2023 14:23
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Националниот координатор за „Отворен Балкан“ и регионална соработка, Марјан Забрчанец, во изјава за Цивил Медиа, вели дека Северна Македонија, Албанија и Србија се целосно подготвени за да се укинат работните визи, предуслов е само договорите да бидат усвоени од Собранието.

„Имаше објективни причини и пречки зошто македонскиот парламент ги немаше изгласано ратификациите на договорите од Отворен Балкан, а тoa во главно се сведуваа на блокадите од страна на опозицијата. Сепак, два од договорите, оние кои се однесуваат на отстранувањето на работните дозволи поминаа на комисијата за надворешни работи во Собранието, откако опозицијата се одважи да ја тргне блокадата“, вели тој.

Според Забрчанец сега пречки нема, останува уште само еден чекор, а тоа е финално гласање на пленарна седница со што ќе се исполнат сите услови за отстранување на работните дозволи во бизнис секторот за граѓаните на Северна Македонија, Србија, Албанија.

„Сите апели се упатени кон Собранието, час поскоро да се најдат на дневен ред и пратениците да ги ратификуваат сите меѓународни договори кои произлегуваат од Отворен Балкан, со што ќе станат правосилни сите мерки и бенефити кои им помагаат на компаниите, на стопанските комори, на граѓаните.  Ако опозицијата има минимум политичка прагма и осет за потребите на граѓаните, не смее да помисли да не ги поддржи ратификациите на законите. За ратификациите е доволно мнозинството од владејачките партии, но имајќи предвид дека Отворен Балкан има поддршка од речиси 80% од граѓаните на земјава и огромни мнозинства од граѓаните во двете соседни земји, ратификациите треба да добијат најмалку 2/3 поддршка во Собранието“, вели Забрчанец.

Tags: блокади на опозицијаМарјан ЗабрчанецОтворен Балкан
Next Post

Изложба во МНР „За мене не постои друг избор“ по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk