ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Костадиновска: Скопје мора да доживее „ослободување“ од стиропорот и невкусот

January 30, 2023 15:41
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, КУЛТУРА

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, за време на годишната конференција „Година на нови можности“, спомена дел од одбележувањата на значајни јубилеи оваа година, кои ќе бидат поддржани од Министерството.

„2023-та година е година посветена на исклучителниот Ацо Шопов, како и година во која одбележуваме 120 години од Илинденското востание, 120 години од смртта на нашите револуционери Гоце Делчев и Питу Гули. 120 години од објавувањето на книгата „За македонските работи“ на Крсте Мисирков и 70 години од основањето на Институтот за македонски јазик кој го носи неговото име. Во 2023-та се навршуваат 115 години од раѓањето и 80 години од загинувањето на Коста Рацин. 30 години од смртта на Блаже Конески. 120 години од раѓањето и 50 години од смртта на Никола Мартиноски“, информира Костадиновска Стојчевска.

Таа додаде дека се одбележуваат и 80 години од првиот час на македонски наставен јазик во училиштето во Подвис, кичевско, 80 години од Второто заседание на АВНОЈ и исто толку години од формирањето на Иницијативниот одбор за заседанието на АСНОМ, како и 30 години од нашиот прием, како самостојна држава, во Обединетите Нации.

„Има уште многу годишнини кои културните установи и центри низ државата достојно ќе ги одбележат во оваа 2023-та година. Имаме минато со кое се гордееме, имаме длабоки корени кои само заедно можеме да ги сочуваме. Во мудроста е нашиот бедем, а во културата, нашата потпора“, потенцира министерката.

Таа исто така кажа дека во Давос, земјата стана дел од Алијансата за Баукултур, за вмрежување на соработката на јавниот со приватниот и со граѓанскиот сектор. За оваа програма Костадиновска Стојчевска кажа дека на неа се гледа како на шанса да се поправи она што може да се поправи.

„Во тој контекст, на шеесетгодишнината од катастрофалниот земјотрес, Скопје мора да доживее т.н. „Ослободување“ од стиропорот и невкусот на Скопје 2014-та. Скопје е нашата престолнина која претендираме да стане Европска престолнина на културата за 2028-ма година“, истакна министерката.

Tags: Бисера Костадиновска СтојчевскаГодина на нови можности
Next Post

Битиќи: Со Ада, дигиталниот асистент за финансиска поддршка базиран на вештачка интелегенција го отстрануваме човечкиот фактор и можноста од корупција

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Зеленски по пристигнувањето во Вашингтон: Се надева дека заедничката сила на Украина, САД и Европа ќе ја присили Русија на мир

August 18, 2025

Трамп: Зеленски би можел да ја заврши војната со Русија речиси веднаш

August 18, 2025

Армијата го слави 33. роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Четворица ограбувачи испразниле златарница во Сиетл за 90 секунди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk