ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Нашата потрага по смисла е Европска

January 30, 2023 12:57
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ 

На почеток веднаш да кажам: добро е што Алијанса на Албанците со нивниот Таравари влегуваат во Владата на Ковачевски. Не сакам да ја прежвакувам онаа класично-цинична приказна од типот: „колку си наивен, тие влегуваат во Владата за министерства, пари и ресурси“. Не, од една страна, јас тие игри не ги играм, од друга страна, не сум глупав, знам дека една од договорените работи се парите и ресурсите. Но, сепак, ќе се осврнам во овој текст на нешто друго, на нешто многу поважно пред парите и ресурсите, а тоа е смислата. А ако исчезне смислата, ќе исчезне и потребата за смисла.

Имено, немам сомнеж дека без смисла може да се живее, може да се владее, без смисла може да се живее сосема пристоен, да не речам среќен живот. Го полниш мешето, имаш пари, имаш ресурси, шеткаш, патуваш, си пружаш работи за кои малку луѓе можат да си ги дозволат… и само чекаш извесен број на години да легнеш на она место од кое никој повеќе не се подигнал. Разбирам, позната ми е таа инерција. Што би рекол Р. Амадеус: „једи, пиј и весели се и на живот посери се“. Велам уште еднаш: сосема разбирлив ми е концептот на живот без смисла. Ама, сепак, човечкото битие има потреба да мисли, да чита и пишува, има потреба да бара смисла. А потребата за смисла се манифестира само на еден начин: така што човекот во секој момент, надвор од парите или надвор од идејата дека некои луѓе се посилни или попаметни од другите луѓе, има пред себе нешто што е поголемо и поважно и заради кое го работи сето ова. Тоа нешто може да се нарече вредност или Бог, или – што би било најточно – смисла.

Вредностите за Европа се важни; блоковите и сојузништвата за продолжување на нашиот евроинтегративен пат е уште поважен. Тие вредности за Европа – и самиот пат кон неа – ни даваат една предвидливост дека репресивните режими се завршена работа. Дека враќањето на груевизмот во оваа земја е невозможна мисија. Со одење на патот кон Европа невозможно е инсталирање ниту на некој сличен идеолошки дериват како од времето на груевизмот.

Албанците во оваа земја се наши пријатели и сограѓани. Од изјавите на Ахмети, од изјавите на Бујар Османи, гледам дека се борат за нашиот македонски идентитет; разбираат дека покрај албанскиот, важен им е и македонскиот идентитет, а таквото спознание на Албанците не може да биде лошо за оваа држава. Почитувањето и уважувањето на останатите малцински националности не може да биде лошо исто така.

Прашањето „колкав си ти Македонец, сине“, не значи дека ти, како единка, треба да бидеш задрогаз, исклучив и спремен да го браниш секое „патриотско“ срање. Ова е прашање кое се поставува пред секој „патриотски“ политичар. Дури мислам дека ова е единствено прашање околу кое се труди и одговора онолку колку што може. А тогаш кога повеќе не може да одговара на ова прашање, тогаш престанува да се занимава со политика и почнува да пишува мемоари во кои, наеднаш, станува благ и некако разумен.

„Полнокрвните“ Македонци, таканаречените „патриоти“ оваа земја ја растурија, ја извадоа од ментеши, ја испљачкаа, смислата во државата ја суспендираа. Од друга страна, не знам дали приметувате еден детаљ: никогаш за предавство не се обвинуваат неписмени будали, секогаш за „предавници“ обвинети се писмените луѓе, оние кои имаат „вишок“, оние кои стрчат со својот став и аргумент; никогаш за предавници нема да бидат обвинети некои хулигани или националистички идиоти, туку обратно, за предавници ќе бидат обвинети пристојни и образовани луѓе. Идиотизмот секогаш е на чекор од потполното и приватно национално самоостварување. Така тоа кај нас се тумачи, доживува и гледа. Е, тогаш кога ќе умрат оние кои се со вишок на образование, со вишок на памет, талент или најпросто срце, тогаш ќе станат Големи Македонци. Веројатно е така затоа што мртвите молчат или затоа што гробовите веројатно ја одредуваат нашата иднина; или можеби нè водат таму кај што сите еден ден ќе стигнеме.

Додека ова го пишувам, се мислам како ќе помине чествувањето на Гоце Делчев во Скопје. Ќе се измаваат ли меѓу себе тие патриотски несреќи или сè ќе помине пристојни и мирно, онака како што треба да помине еден нормален и Европски свет што чествува една историска фигура во современата македонска митологија?!


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

 

 

Tags: Гоце Делчевпатриотски несреќи
Next Post

Ларсон Џаин: Уставните измени мора да бидат направени за да се одржи динамиката на евроинтеграциите

Shortcut

Најново

Од ладна резерва до рекордна добивка: Што се случи со ТЕЦ „Неготино“ во кризата?

August 30, 2026

ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

August 30, 2026

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk