Поранешниот украински министер за внатрешни работи, Арсен Аваков изјави дека припадници на службата за безбедност денеска извршиле претрес во неговиот дом како дел од истрагата за купување хеликоптери „Ербас“, јави „Украинска правда“.
Хеликоптер „Ербас“ се урна на 18 јануари, при што загинаа 14 лица, меѓу кои и министерот за внатрешни работи Денис Монастирски и други високи функционери во Министерството.
Службата за државна безбедност на Украина (СБУ) не одговори веднаш на барањето за коментар за извештајот на „Украинска правда“. Шефот на владејачката партија во Украина подоцна потврди дека е претресен домот на Аваков.
„Украинска Правда“ цитира изјава на Аваков дека потрагата е поврзана со хеликоптерската несреќа.
– Тие ги преразгледуваа договорите со Ербас од пред шест години, рече тој.
Аваков (59) поднесе оставка од министерската функција министер во јули 2021 година. Пред оставката беше еден од највлијателните функционери во Украина, а министер за внатрешни работи беше повеќе од седум години.