ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ОБРАЗОВАНИЕ

МОН: Градењето квалитетно образование е процес

February 2, 2023 16:17
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за образование и наука редовно, транспарентно и одговорно информира за реформата на националниот образовен систем што е во тек, велат од МОН.

– Реформата се одвива етапно, согласно утврдениот план. Во основното образование, за учебната 2021/2022 нови наставни програми беа изготвени за прво и четврто одделение, а за учебната 2022/2023 за второ и четврто одделение. Учебниците се изработуваат соодветно на новите наставни програми, посочуваат од МОН.

Од Министерството истакнуваат дека за учебната 2023/2024 ќе има нови наставни програми и нови учебници за трето и шесто одделение.

– Наставните програми за трето одделение веќе се изработени и следи објавување на повик за учебници, а за шесто одделение во тек е изработката на наставните програми, соопштуваат од МОН.

Од Министерството нагласуваат дека изработката на учебниците е комплексен процес, чие реализирање минува низ пропишана постапка, воспоставена со цел учениците да добијат квалитетни содржини, да се елиминираат грешките и нелогичностите.

– Со оглед на комплексноста на процесот, бројни се и предизвиците, но со залагање на сите чинители, тие се надминуваат. Квалитетен систем на образование не се гради преку ноќ, ниту без совладување на проблеми, велат од МОН.

За Министерството за образование и наука разбирлива е загриженоста на учениците, родителите и јавноста за квалитетот на воспитно-образовниот процес во Република Северна Македонија. Токму затоа, велат од МОН, неопходно е сите засегнати страни да делуваат водејќи се од најдобриот интерес на учениците.

– Ширењето дезинформации и извртувањето на факти не е во интерес на градење на квалитетно образование. Ова го посочуваме од причина што во изминатите денови дел од медиумите пренесуваат наводна „изјава“ на министерот, дека сите учебници за прво, второ, четврто и петто одделение ќе бидат обезбедени во септември, што невистина. Потсетуваме дека 90 отсто од учебниците за овие одделенија се набавени и веќе дистрибуирани до училиштата. Преостануваат учебниците по странски јазици за кои наскоро ќе започне објавувањето на огласи за изработка, известуваат од МОН.

Оттаму посочуваат дека секој од нас треба да одлучи дали ќе биде поддршка на процесот на реформи на образованието или од другата страна, што, како што велат, води кон пролонгирање на образовното назадување, со сите последици.

Tags: Министерство за образованиеСеверна Македонија
Next Post

Костадиновска-Стојчевска и амбасадорката на САД Агелер во посета на Хераклеја

Shortcut

Најново

31 година од атентатот врз Киро Глигоров: Сторителите и нарачателите сè уште непознати

October 3, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
Средба Урсула фон дер Лајен - Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: vlada.mk)

Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

October 2, 2026
Урсула фон дер Лајен (фото: facebook.com/eudebates.tv)

Што ќе донесе Фон дер Лајен денеска во Скопје, а што ќе ѝ понуди Мицкоски?

October 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градот останува, животот исчезнува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен во Скопје: Има ли Мицкоски нешто ново да ѝ каже?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk