ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Сѐ уште траат разговорите за проширување на владината коалиција

February 2, 2023 10:08
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Дали во Алтернатива ќе се разговара за останување или напуштање на владината коалиција ќе се знае откако ќе завршат преговорите меѓу СДСМ и Алијанса за Албанците кои имаат за цел проширување на владиното мнозинство со оваа партија. Премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, завчера по седницата на Извршниот одбот на партијата изјави дека во најголем процент се усогласени со Алијанса за Албанците, но оти се уште не се разговарало за кадровски решенија.

-Откако ќе завршат преговорите помеѓу СДСМ и Алијанса за Албанците ќе разговараме за останување или напуштање на владината коалиција. Ние сме за компромис и околу распределбата на ресорите, рече вчера лидерот на Алтернатива, Африм Гаши на паузата од состанокот со членството во Гостивар.

Тој напомена дека партиските органи ќе одлучат за останување или излегување од владата. Доколку Алијанса биде владин партнер и Алтернатива остане, според Гаши има начини и канали за комуникација и соработка, бидејќи како што нагласи, Алтернатива е кооперативна партија.

Во врска со шпекулациите дека има условувања за останување или напуштање на Владата на прашање на МИА да даде оценка или партиски став, лидерот на Алтернатива вели дека како партија се исправени пред тој предизвик, но, како што рече, за жал или за среќа ќе почекаат да видат како Алијанса за Албанците ќе ги води преговорите со СДСМ за влез во Влада.

-Доколку се постигне договор помеѓу нив, ние ќе погледнеме дали е чепнат и дали тоа го засега нашиот договор за влез во Владата, истакна Гаши.

За премиерот Ковачевски, пак, осовните претпоставки на владиното мнозинство се на линија на тоа што Алијанса за Албанците го застапува, а тоа е стратешкото партнерство со САД, продолжување на патот кон евроинтеграции, носење на сите реформски закони и на сите одлуки потребни за продолжување на патот кон ЕУ.

Премиерот напомена дека во најголем процент се усогласиле со Алијанса за Албанците, а во делот на сите други аспекти за можна соработка, разговорите ќе продолжат.

-На состанокот со Алијанса за Албанците разговаравме најпрвин за текот на скрининг процесот кој државата го има со ЕУ, за претседавањето со ОБСЕ, за стратешкиот дијалог кој го водиме со САД и акциониот план кој се подготвува од Влада и зборувавме за можното проширување на владиното мнозинство со Алијанса за Албанците. Не разговаравме за кадровски решенија, изјави завчера Ковачевски во врска со одржаната средба со лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари и можностите за приклучување на оваа партија во владејчката коалиција. Тој најави дека во текот на следните денови ќе има состаноци и со Алтернатива.

Tags: Алијанса за АлбанцитеАлтернативаДимитар КовачевскиСДСМ
Next Post

Зеленски: Ситуацијата на фронтот во источна Украина станува се потешка

Shortcut

Најново

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Рускиот терор продолжува, Путин би преговарал со Трамп и Си – ЦИВИЛ: Ништо за Украина без Украина

October 19, 2026
Фото: Генерирано со ВИ

Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и НАИ ќе се соочат во вториот круг за градоначалник на Брвеница

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
Протести во Албанија, октомври 2026 (globalnews.ca)

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ) Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk