Бројот на повредени во руските ракетни напади врз Харкив утринава се искачи на пет лица, пренесува Укринформ.
„Според информациите на Регионалниот центар за итна медицинска помош, бројот на повредени е зголемен на четири лица. Уште едното повредено лице е од обезбедувањето на високообразовна институција цел на вториот ракетен напад. Мажот добил помош на лице место “, објави Олех Синехубов, шеф на регионалната воена управа во Харкив, на Телеграм.
Како што соопшти прес-службата на главниот оддел на националната полиција во регионот Харкив, бројот на повредени во утринските ракетни напади врз Харкив се зголеми на пет лица.
„Во моментов има веќе петмина повредени. Од гранатирањето, 51-годишен обезбедувач на образовна институција, двајца жители на четирикатница – 54-годишни жени и 58- годишен маж – и 83-годишен жител на соседна зграда се повредени“, соопшти полицијата.
Едниот проектил погодил станбена зграда, а другиот високообразовна институција.