Лажни се заканите за наводно поставени експлозивни направи во училишта во Скопје, завршија сите потребни проверки, информира вечерва Министерството за внатрешни работи.
Оттаму посочуваат дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 38 основни и девет средни училишта во Скопје по добиените пораки на електронски адреси со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.
Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, наведуваат од МВР.