Тимот од осум пожарникари-спасители од ТППЕ Струмица, специјално обучени за пребарување и спасување, кој е во состав на Републичките сили за заштита и спасување при Дирекцијата за заштита и спасување, почнувајки од вчерашните попладневи часови и преку целата ноќ, сè уште работи на својата позиција, се наведува во фејсбук-објавата од Пожарникари Струмица.
„Заедно со припадниците на AFAD, Република Турција, во градот Адијани, кој е речиси целосно уништен работи на пронаоѓање и спасување на евентуални преживеани луѓе. Ќе се продолжи со напорите се додека постои и најмала надеж за спасување на барем еден човечки живот“, стои во објавата.