„Имаме поголемо мнозинство за реформи, економски политики и интеграција во ЕУ. Со принципите на платформата за соработка со Алијанса за Албанците, кои ги одобри Централниот одбор на партијата, се обезбедуваат услови за стабилност и ефикасност на Собранието и институциите“ изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска по седницата на Централниот одбор на партијата.
Таа кажа дека СДСМ го задржува бројот на министри во Владата како и досега, а проширувањето на парламентарното мнозинство ќе значи поголема поддршка на реформскиот и европскиот крус на земјата и политичка стабилност.
„Опасноста е земјата да биде зафатена од радикални елементи како Левица кои сакаат да го сменат нашиот пат кон ЕУ и да не испратат во изолација и сиромаштија. За жал, Левица го зеде и ВМРО-ДПМНЕ како заложник. Мора да ги здружиме силите и да не им дозволиме повторно да не блокираат 11 години, како што го направија тоа минатиот пат“ рече Кузеска.
Портпаролката на СДСМ кажа дека изборите ќе се одржат според планираното во 2024 година, што е добро за стабилноста за инвеститорите и економијата.