ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Aдем Алтан, авторот на фотографијата што го обиколи светот: Прикажана e целата болка на турскиот и сирискиот народ

February 10, 2023 12:42
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

На само една фотографија е прикажана целата болка што ја преживува турскиот и сирискиот народ по двата разорни земјотреси што ги погодија овие две земји – татко ја држи за рака својата 15-годишна ќерка, која е затрупана под рушевините на урната зграда.

Адем Алтан, фотограф со 40 години работно искуство, од кои 15 за светската агенција АФП, по земјотресот веднаш ја напуштил Анкара и заминал кон местата погодени од разорните земјотреси. Најпрвин отишол во Кахраманмарас, каде што го нашол Месут Ханчер.

-Го видов Месут Ханчер како лута меѓу урнатите згради во Кахраманмарас. Кога започнав да фотографирам тој седна на земја во близина на една од урнатите згради, додека луѓето се обидуваа да ги спасат своите роднини. Тој држеше нечија рака“, раскажува Алтан за „Аваз.ба“.

Во многу потресен разговор Алтан истакнал дека не можел да ги задржи солзите. Сцените биле многу тешки.

„Сликај го и моето дете, ми рече, ја пушти раката што ја држеше и ми ја покажа ќерката. Потоа повторно ја фати за рака. Страшна болка… Почнав повторно да фотографирам. Во исто време размислував „каква голема болка“… Бев толку тажен, не можев да ги задржам солзите“, вели Алтан.

Откако направил доволно фотографии, Алтан повторно се вратил кај Месут.

-Едвај зборуваше, дури и кога ми го кажа своето име, не можев да го разберам. Дознав дека се вика Месут Ханчер. Го прашав како се вика неговото дете. „Мојата ќерка Ирмак“, рече тој. Седеше на земја и ја држеше Ирмак за рака додека луѓето околу него ги бараа своите најблиски во урнатините на зградата.

Тоа е голема болка… Останав таму два, два и пол часа. Морав да ги препратам фотографиите. Потоа заминав – ни рече Алтан.

Кога се вратил наредниот ден на истото место фотографот не го нашол таткото и ќерката повторно.

-Не ги најдов таму. Ирмак беше извлечена од урнатините. Мислам дека направив фотографија што ја раскажува целата болката предизвикана од земјотресот, вели Алтан.

Фотографијата привлече големо внимание, како во Турција, така и ширум светот. Таа заврши на насловните страници на сите познати светски весници. Стотици луѓе ја споделија на социјалните мрежи. Алтан вели дека не го очекувал тоа.

Добив стотици пораки. „Многу моќна фотографија на која се гледа болката од земјотрес“, „Фотографија што нема да ја заборавиме додека не умреме“. „Фотографијата ни се врежа во сеќавањањата“, се само дел од коментарите што ги прочитав, вели Алтан.

Спасувачките операции во Турција се уште траат. Многу луѓе се уште се под урнатините. Фотографот Алтан вели дека на овие луѓе најпотребни им се шатори, облека и храна, бидејќи многу е ладно.

Во моментов на терен работат повеќе од 120.000 спасувачи и трагачи. Досега повеќе од 70.000 луѓе се евакуирани од регионите погодени од земјотресите, соопшти АФАД.

Извор: Бриф

Tags: Адем АлтанземјотресСиријаТурцијафотограф
Next Post

Васко Ковачевски: Произведуваме 40% електрична енергија повеќе од истиот период лани, повисоки цени на струја не се очекуваат

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk