Целта на Русија е цела Украина, но Кијив нема да се согласи на тоа и ќе седне на преговарачка маса кога последниот руски војник ќе ја напушти земјата, изјави за Дневник на ХТВ градоначалникот на Кијив, Виталиј Кличко.
Кијив беше и останува цел на агресорите. Кијив е срцето на Украина. Тој е главен град и главна мета (…) Целта на Русија е цела Украина. Тие ја сакаат цела Украина. Тие ќе одат толку далеку, колку што ние ќе им дозволиме, предупреди градоначалникот на Кијив.
Кличко нагласи дека Украина ќе седне на преговарачка маса само под еден услов – „кога последниот руски војник ќе ја напушти Украина“.
Русија вчера започна нов бран ракетни напади врз енергетската инфраструктура ширум Украина, што предизвика прекин на електричната енергија и ограничени снабдувања со вода, поради што Кијив побара дополнително оружје од западните земји.
Денес е многу важно, освен силата на духот, која не ни треба да ја позајмуваме, да имаме и модерно оружје, истакна Кличко за ХРТ, заблагодарувајќи им на западните земји за досегашната поддршка и на противракетните системи кои, како што вели, успешно ги собориле повеќето руски ракети.