Северна Македонија е посветена на изнаоѓање заеднички прифатливи решенија кои ќе бидат во корист пред сè на луѓето во сите загрозени подрачја. Посветени сме и на зајакнување и продлабочување на нашата соработка со Република Молдавија и нашата заедничка цел за промовирање мир и стабилност во овие најнеизвесни времиња, сподели денеска МНР Бујар Османи по средбата со Маја Санду, претседателка на Република Молдавија со која имал продуктивна дискусија за тековниот конфликт во регионот и улогата на ОБСЕ во неговото решавање.
„Свесни сме дека руската агресија врз Украина создаде големи безбедносни, политички, економски и социјални тешкотии за Молдавија и за целиот регион. Ги поздравувам напорите на Република Молдавија во справувањето со овие предизвици и давам силна поддршка за продолжување со реформите што беа иницирани: Справување со корупцијата, Зајакнување на судскиот сектор, Признавање на напорите на Молдавија од страна на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Решавање на процесот во Транснистрија“, додаде Претседавачот со ОБСЕ.