Летна, стара, искината облека, расфрлана на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Ова се сликите, кои ја налутија македонската јавност, откако привршува акцијата за собирање донации за настраданите од страшниот земјотрес во Турција и во Сирија.
Уште истиот ден, понеделник, кога се случи земјотресот, а илјадници луѓе го загубија животот, додека други останаа без ништо, светот се мобилизираше да испрати помош кон настраданите подрачја. Во бројни акции се собираа пари, топла облека, ќебиња, хигиенски средства, медицински материјали… Многу спасувачки тимови заминаа да прекопуваат под урнатините, да извлечат преживеани.
На централниот плоштад во Скопје, граѓаните донираа пакети и пакети облека. Вакви пунктови имаше на неколку места во Скопје. Студентите од Турција кои учат во Македонија, со свои раце ги селектираа за потоа да бидат пратени во погодените подрачја од земјотресот. Дел од нив уште немаа информации за своите семејства, таму, каде земјотресот најсилно удри. Дел од нив ги загубија своите семејства.
Тага и неверување кај секого што ќе ги погледнеше бројните фотогафии и видеа кои пристигнуваа од Караманмараш, од Газијантеп, од Адијамен… Во такви моменти човек може е да одвои од она малку што го има и да подари на оној кој нема ништо. Се носеа донациите на плоштадот, се оставаа во широк круг и со тоа секој од нас се чувствуваше малку подобро. Дека направил нешто добро по една ваква катастрофа. Дека придонесол за малку поудобни денови на некое дете, некоја мајка, син, дедо… Повиците за донации беа детални. На списокот точно пишува што фали, што треба да се донира, каде треба да се однесе и како да биде спакувано.
Целата колумна на следниот линк!