ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бесими: Инвеститорите ја немаат запишано еврообврзницата и не можеле да тргуваат со неа

February 16, 2023 18:13
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Агентите и инвеститорите се навремено известени за административната пречка во врска со издавањето на еврообврзницата. Инвеститорите ја немаат запишано еврообврзницата – следствено на тоа не можеле да тргуваат со неа на секундарниот пазар, појаснува министерот за финансии Фатмир Бесими за МИА.

„Како и државните обврзници на домашен пазар, еврообврзницата се продава на аукција, по што се врши запишување на истата од страна на инвеститорите, на нивно име. По ова инвеститорите на годишна основа добиваат отплата на купонската камата или пак ја тргуваат/препродаваат еврообврзницата на секундарниот пазар. Поради запазување на интерната постапка, процедурата за издавање на еврообврзница во земјава (обезбедување на мислење и од страна на министерот за правда, функција која во моментот нема врштител), инвеститорите ја немаат запишано еврообврзницата – следствено не можеле да тргуваат со неа на секундарниот пазар, како што се појавија одредени тврдења“, вели Бесими.

Според него, неточни се и тврдењата што излегоа во јавноста за барање отштета и пенали и за намалување на кредитниот рејтинг на земјата поради неиздавањето на еврообврзницата.

„На пазарите на капитал тековно нема промени од аспект на каматите на пазарот, но не би шпекулирале со очекувања за каматната стапка бидејќи тоа се пазарно чуствителни информации. Ќе истакнеме само дека довербата на инвеститорите во економските политики на Владата е силна, што се огледа од нивната побарувачка за еврообврзницата која беше за 2,5 пати повисока од понудата на аукцијата која беше одржана. Имено, ние понудивме 600 милиони евра, тие сакаа да запишат милијарда и петстотини милиони евра, но останавме на понудената сума од 600 милиони евра“, појаснува Бесими.

За кредитниот рејтинг вели дека е комплексна оценка на низа макроекономски и политички критериуми, a најдобар доказ за мислењето на инвеститорите, како што посочува, е побарувачката којашто била исклучително висока.

Бесими уверува дека издавањето на еврообврзницата ќе биде завршено веднаш штом биде назначен нов министер за правда од страна на Собранието за што верува дека политичките чинители нема да го одолжуваат процесот на именување.

Еврообврзницата од 600 милиони евра требаше да се искористи за покривање на стари долгови и на еврообврзницата од 2016 година кои доспеваат оваа година.

Tags: еврообврзницаФатмир Бесими
Next Post

Влада: Се очекува утре да бидат дефинирани финалните законски одредби за набавка на лекот „Трикафта“

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk