ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Во приватниот сектор гледаме партнер за заедничко решавање на предизвиците

February 16, 2023 13:05
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, во својство на ко-претседавач на Комисијата за јавно-приватен дијалог, која се одржува на редовно квартално ниво, изјави дека овој дијалог најдобро го отсликува пристапот на оваа влада која во приватниот сектор гледа еден партнер со кој на транспарентен начин се дискутира за предизвиците со кои тие се соочуваат и секако за изнаоѓање начин за нивно решавање.

На седницата присуствува Заменик министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин, Заменик министерот за економија, Зоран Маневски, Заменик министерот за финансии, Филип Николоски и претседатели, заменици претседатели, извршни или оперативни директори на Стопанската комора на Македонија, Сојузот на стопански комори, Стопанската комора на Северозападна Македонија и од МАСИТ.

Темите за кои дискутираа присутните беа увоз на работна сила, законот за работни односи, Даночни реформи, Енергетската криза и Закон за заштита на потрошувачи.

На првата точка од страна на коморите беше доставена анализа/ согледување од аспект на тоа кои дејности имаат потреба какви квалификации треба да поседуваат работниците, при што се презентираше и нивното гледиште дали има потреба да се зголеми квотата за вработување на странци. Економските комори дадоа нивно изјаснување дали имаат административни бариери и што најмногу им одзема време.

Во врска со Законот за работни односи, за кое е надлежно Министерството за труд и социјална политика, заменик министерот Енвер Хусеин рече дека во тек е подготовка на новиот Закон за работните односи, од вкупно девет јавни расправи се одржани осум, две во Скопје и по една во Струмица, Штип, Битола, Кичево, Гостивар и Кавадарци каде биле поканети и присуствувале и синдикатите и здруженијата на работодавачи, при што министерството ќе ги земе во предвид сите забелешки.

Во делот на Даночните реформи, Заменик министерот за Финансии, Филип Николоски даде осврт на данокот на солидарност и за намалување на сивата економија, поточно со кои начини и механизми ќе се ублажат даночните шокови врз бизнис секторот

На точките за енергетската криза и законот за заштита на потрошувачи, што е под надлежност на Министерството за економија, заменик министерот Зоран Маневски ја презентираше динамиката на имплементација на предвидените мерки, да се дозволи компаниите кои се на регулираниот пазат да можат вишоците да ги пласираат во мрежата, односно да се овозможи откуп.

Tags: БитиќиКомисија за јавно-приватен дијалог
Next Post

Лучи ја напушти Алтернатива: „Гаши си замина дека му го разрешија пријателот Сали“

EVN

НАЈНОВО

Димитријевиќ: АКТ објави нова „бомба“ – Тендерска мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски

January 27, 2026
Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Анкета во Унгарија: Опозициската Тиса убедливо пред Фидес, се тресе ли „тронот“ на Орбан

January 27, 2026
Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk